Здравје, Здрави навики

Како да го забрзате метаболизмот и да слабеете здраво

22 октомври, 10:35

 

 

 

 

 

 

Постојаните диети може да му наштетат на вашето здравје. Губењето на килограмите е тешко, особено ако имате бавен метаболизам, па сѐ што ќе каснете се ,,лепи” за вас. Заборавете за миг на диетите и обидете се на едноставен начин да го забрзате вашиот метаболизам.

  • Не прескокнувајте оброци

Најголемата грешка која може да ја направите додека сте на диета е да гладувате. Кога нередовно се храните организмот се заштитува себеси и внимателно ги троши мастите. Секој прескокнат оброк придонесува за бавен метаболизам. Намалете го количеството на храна, но хранете се редовно. Распоредете ја храната во најмалку три или четири помали оброци дневно.

  • Зачинете ја храната

Дури и да не сте љубител на зачинета храна, почнете да користите малку лута пиперка со главниот оброк. Лутото го забрзува метаболизмот, па вашиот организам веднаш започнува да ги согорува мастите.

  • Физички вежби

И неколку часа по вежбањето, телото сè уште е активно и ги согорува калориите. Ви препорачуваме да вежбате пред оброци, за полесно и побрзо да се ослободите од вишокот на калории.

  • Протеини

Месото, јајцата и воопшто храната богата со протеини го предизвикуваат организмот да работи брзо и да троши енергија.

Без многу откажувања, со малку упорност и умерена исхрана, може да ги намалите килограмите и да се чувствувате подобро.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3844 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус