Здравје, Здрави навики

Како да го намалите апетитот?

26 јуни, 18:00

Сите ние во одреден период од животот се наоѓаме во ситуација во која ставаме некој килограм повеќе.
Во таквите ситуации се обидуваме на најразлични начини и колку што е можно побрзо да се ослободиме од тие непосакувани килограми. Испробуваме секакви диети, се запишуваме на аеробик, пилатес и фитнес и почнуваме секојдневно да пешачиме и трчаме.
Не дека овие активности не се важни и не даваат резултати, важни се и тоа многу и доколку правилно и подолго време се практикуваат ќе ви ги дадат посакуваните резултати. 
Но што се случува со организмот после престанувањето на тие активности, што се случува со апетитот?
После извесно време повторно ќе се најдеме на почетокот на нашата приказна и сѐ ќе треба да правиме од почеток, повторно и повторно. <

За да не дојдете во ситуација во која ќе треба да ги започнувате активностите од почеток, ви предлагаме да ги следите овие неколку едноставни совети, кои во голема мера ќе влијаат на намалувањето на апетитот и ќе ви помогнат да се ослободите од непосакуваните килограми.

Што е она што треба да го правите за да го намалите апетитот?


- Поручекот нека ви биде најобилниот оброк кој ќе го имате во текот на денот. Пробајте на вечер да не вечерате, или да јадете некоја многу лесна храна која содржи помалку калории.
Водете се по народната поговорка -  поручекот јадете го сам, ручекот поделете го со вашиот пријател, а вечерата подарете ја на некој друг.


- Важно е пред секој оброк во текот на денот да испиете по една чаша вода, 30 минути пред почетокот со јадењето. На овој начин ќе го залажете желудникот и нема да чувствувате голем апетит кога ќе почнете да јадете, а како резултат на тоа ќе изедете и помала количина од храната.


- Користете помали чинии во кои ќе ви биде сервиран оброкот. Големите чинии изгледаат како полупразни и доколку јадете во нив ќе имате чувство дека не сте јале доволно, па по извесно време ќе посегнете повторно по храна, за која всушност немате потреба.


- Секој оброк јадете го полека, без да брзате. Вака побрзо и подобро ќе се свари внесената храна во желудникот, а вие нема да се прејадувате.  
Ако јадете набрзина вашиот мозок нема да има доволно време за да сфати дека веќе сте најадени.
Со бавното јадење мозокот ќе ви сигнализира кога е време да престанете со јадењето. Ако брзо и не доволно ја џвакате храната, пробајте секој залак да го џвакнете по 30 пати пред да го голтнете.


- Ставете ја во чинијата количината на храна која сте навикнати да ја консумирате и од неа изедете три четвртини. Потоа станете од масата, направете пауза и вратете се повторно по 10 минути. Ќе забележите дека веќе не сте гладни и дека немате потреба да ја дојадете останатата храна. Запаметете колку сте изеле и наредниот оброк ставете само толку храна во чинијата.


Многу е важно да разбереме дека храната ја внесуваме во организмот за да ни ја даде потребната енергија, а не за да се прејадеме и потоа да не сме способни за ништо.

Со применување на овие неколку интересни совети ќе го ставите вашиот апетит под контрола и многу лесно ќе можете да им одолеете на одредена храна и слатки работи кои водат до зголемување на телесната тежина.

Пробајте, многу е едноставно! Сѐ што можете да изгубите се само непосакуваните вишок килограми!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2510 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус