Техно Свет, Автомобили

Како да го продолжите животниот век на гумите

28 октомври, 06:43

Иако гумите спаѓаат во потрошен материјал кој треба често и навремено да се менува со цел да се добие безбедност при возењето, истите треба и правилно да се одржуваат.

Навременото заменување и правилното одржување во голема мера ќе го зголеми и животниот век на гумите, па така ако гумите отприлика треба да се менуваат на секои 4 до 5 години, со правилна грижа тоа време може да се продолжи за година до две и притоа треба да се нагласи дека сигурноста и безбедноста при возењето ќе останат на истото високо ниво како и претходно.

Што е тоа што вие можете и треба да го правите за да го продолжете животниот век на гумите?


Најдобро е за вашиот автомобил да имате два пара на гуми, зимски и летни, кои ќе ги менувате во зависност од промената на годишните времиња. 
Ако веќе на автомобилот ги имате поставено зимските гуми, летните најдобро е да ги чувате на темни и суви места, поставени на бандажи кои нема да им дозволат евентуално искривување на гумите. 
Значи за продолжувањето на векот на гумите голема улога играат и бандажите, затоа доколку немате, најдобро е да си набавите. 
Заради безбедност при возењето во зима, зимските гуми се поставуваат на челични бандажи, а летните обично се поставуваат на алуминиумски бандажи.


Притисокот во гумите е исто така многу важен за продолжување на животниот век.
Правилно е гумите да се проверуваат еднаш неделно, но при тоа треба да се внимава автомобилот барем еден час пред проверката да не се вози, за гумите да бидат сигурно оладени.
И помалку и повеќе напумпаните гуми од дозволените пропишани граници може да предизвикаат сериозни оштетувања и на гумите и на автомобилот, а секако може да ја загрози и безбедноста при возењето.


Гумите е потребно да се балансираат при секоја промена на летни со зимски гуми и обратно. 
Небалансираните гуми доведуваат до несигурност при возењето, при возење со поголема брзина автомобилот почнува да се тресе и воланот станува непослушен.
За да се избегнат вакви и слични на овие непосакувани последици, гумите треба редовно да се балансираат.
Покрај за автомобилот треба да се балансираат и гумите за велосипед. 
При секоја поправка на гумата или при првото ставање на гумите на велосипедот, балансирањето треба да биде задолжителна постапка.


Центрирање на предницата на автомобилот е уште една важна работа која го продолжува векот на траење на гумите.
Ако предницата е добро и правилно центрирана, на рамен пат автомобилот без проблем ќе се движи по рамен правец при што нема да има непотребно триење на гумите со асфалтот, а самото тоа ќе го продолжи векот на гумите.
Појавата на неизедначено трошење на предните во однос на задните гуми, како и завлекувањето на автомобилот кон една страна во текот на возењето, зборува за неправилно центрирана предница.


Стилот на возење исто така влијае на продолжување или скратување на употребливоста на гумите. 
Ако автомобилот се вози полека, умерено, смирено и според пропишаните знаци, се разбира дека подолго време ќе може да се користат едни исти гуми, а ако возењето е агресивно со нагло тргнување и ненадејно закочување, тогаш и гумите многу побрзо ќе се трошат.
Вртењето на гумите во место, како и возењето на поголема тежина во автомобилот, исто така го намалуваат животниот век на гумите.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2759 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

11 август

11 август

Во 1999 година настанало потполно затемнување на Сонцето какво во Британија не било видено од 1927, а во Европа од 1990 година.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус