Техно Свет, Автомобили

Како да изберете половен автомобил?

11 јуни, 08:20

На пазарот со половни автомобили во Македонија можете да наидете на голем број автомобили, од кои повеќето се иста година на производство, иста марка, но различна цена. Не секогаш заработката на увозникот ја диктира цената. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат во иднина.

Забележувате разлика во висината на вратите?

Кога вратата е оштетена, таа не може да се исправи како претходно. Последица на тоа е нееднаквата висина на вратите и несовпаѓање со страничните линии на автомобилот. За да ја забележите оваа разлика погледнете ги од остар агол.

Кај хаубата која претходно била оштетена растојанието меѓу неа и десното крило, како и она на хаубата и левото крило не се еднакви. Иста е и разликата во растојание кај оштетениот багажник.

Сте ја провериле ли годината на производство на прозорците и на шофершајбната?

Често половните автомобили го имаат овој недостаток. Тоа укажува на фактот дека тие претрпеле некаков удар, па ќе забележите дека дел се со година на производство на стаклата на пример 2005, а дел 2004 година. Или во одделни случаи фирмата на производство е различна. 

Внимавајте на сјајот на бојата на автомобилот! 

Кај оние делови кај кои бојата е посјајна, деловите се префарбани поради претходно оштетување или замена. Кај половните автомобили бојата не може да биде сјајна како на новите бидејќи свој удел имаат и надворешние фактори (сонце, дожд, ниски температури).

Дали забележувате капки на автомобилот?

Овие капки се резултат на неквалитетното фарбање, а самото тоа ви укажува дека автомобилот претходно бил оштетен. 

Во внатрешноста погледнете ја кожата на менувачот на брзина.

Најчесто кај оние автомобили кои биле користени во такси компании таа е оштетена. Кај овие автомобили може да забележите и вдлабнатини на свирката.

И секако, најзначајно е да го проверите моторот и стартната сила. Кој и да ви гарантира дека моторот е здрав, кај автомобил возен повеќе од 5 години реткост е да се најде здрав мотор.

За љубителите на спортски автомобили само ќе напоменам, спортските автомобили најчесто ги возат енергични личности кои се љубители на брзо и небезбедно возење.

Изборот е ваш, ваши се парите, а наша е само грижата за вас.

Со оваа статија не сакаме да нанесеме штета на овој бизнис, само сакаме да ја поттикнеме свеста кај купувачите.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2381 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус