Како да ја надминете главоболката?

26 јануари, 02:32

Главоболката е честа појава и кај помладите и кај повозрасните. Постојат голем број на причини кои ја предизвикуваат, како што се: висок притисок, замор, проблеми со видот, неправилно држење на вратот, стрес и нервоза итн. За да ја надминете ви препорачуваме неколку природни лекови:

 

 

 

  • Масажа со компир 

Земете еден компир, пресечете го на половина и масирајте се со компирот во делот на слепоочниците и челото сè додека да се исуши.

  • Облоги од зелка 

Земете поголем лист од зелка, изгмечете го за да испушта течност и ставете го на челото. Листовите од зелката се богати со калиум кој ќе ја смири болката.

  • Облоги од бел лук 

Земете бел лук и изгмечете го за да создадете смеса, која потоа треба да ја ставите директно на кожата кај слепоочниците. Потребни се околу 15 минути за да се смири болката.

  • Кафе и лимон 

Направете си кафе во шолја и исцедете лимон во неа. Ова е навистина добар лек за главоболката.

  • Верувале или не, некогаш и чаша обична вода може да ви помогне. Особено за лица кои конзумираат многу мало количество на вода во текот на денот.
  • Масажа 

Нежно масирајте го делот кај носниот крст, пределот околу очите и делот кај слепоочниците. За да се подобри циркулацијата добро е да го измасирате и делот кај вратот и рамената. При оваа масажа може да користите и масло за масирање од ментол.

 

Слични вести

Како да ги ублажите симптомите од синусите


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2520 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус