Здравје, Здрави навики

Како да се справите со мигрената?

05 јуни, 18:55

Главоболката која понекогаш сите ја чувствуваме е непријатна болка која може да биде предизвикана од најразлични причини.

Долгото седење пред компјутер, престојување подолго време во непроветрена просторија, недоволното спиење, физички тешката работа и ред други ситуации можат да бидат причинители на главоболка.

Со редовен одмор и чести прошетки на чист воздух можете успешно да се справите со главоболката, но ако и покрај тоа сѐ уште чувствувате силна болка која не можете да ја намалите со ниту едно средство за смирување, значи дека станува збор за мигрена.

Мигрената како болест се јавува кај сите возрасти и независно од полот.
Причините зошто некои луѓе страдаат од оваа неподнослива болка за лекарите сѐ уште се непознати.

Доколку се пронајдете во статијава, информирајте се кои состојки, продукти, звуци или ситуации можат да бидат причинители на мигрената, па во иднина потрудете се да ги избегнете колку што е можно повеќе.


Гласна музика - за разлика од луѓето кои немаат проблеми со главоболка, за оние кои патат од мигрена гласната музика е една од главните причинители на мигрената. Наместо да престојувате во места каде поради гласната музика не може ни да се разговара, изберете места со тивка и релаксирана музика. 
И кога сте дома слушајте музика која делува смирувачки, музика која опушта и релаксира.


Сонце - колку и да е добро сончањето и прошетките кога времето е сончево, ако имате мигрена избегнувајте го сонцето во секоја прилика. 
Кога е сончево и пријатно за прошетка, мигрената се активира во поголема мера, истото се случува и ако времето е облачно.


Месни производи - сите видови на салами, колбаси, паштети и замрзнати сувомесни производи се предизвикувачи на мигрена. 
Преработеното месо кое се наоѓа во овие производи содржи нитрити кои се едни од главните причинители на неподносливата мигрена.


Алкохол - главоболката која се јавува после консумирањето на поголема количина на алкохол е слична на мигрената. 
Алкохолот предизвикува дехидрација на мозочните клетки и на тој начин ја предизвикува главоболката и мигрената, па затоа избегнувајте алкохол доколку имате мигрена.


Сирење - во својот состав сирењето содржи тирамин, состојка која допринесува да се појави главоболка. Оваа состојка се наоѓа кај сирењето кое е постаро, па затоа доколку не можете да се храните без сирење, консумирајте младо сирење.


Зрнести плодови - кикирите, бадемите, лешниците, индиските ореви и други вакви зрнести плодови изобилуваат со хемикалии кои само допринесуваат да се зголеми главоболката. Избегнувајте ги и нив.


Црвено овошје - секое овошје кое е со црвена боја содржи танин - состојка која ја предизвикува мигрената. Ако често страдате од неподносливи главоболки, избегнувајте да консумирате црвени јаболка, праски, лубеница, цреши, јагоди, грозје, па дури избегнувајте и црвена винска киселина.


Причините за настанување и појава на мигрената се многу, но доколку се придржувате до наведените работи, доколку внимавате на вашата исхрана и внимавате во какви простории престојувате, во голема мера ќе ги намалите честите неподносливи главоболки.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2079 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус