Здравје, Здрави навики

Како да се справите со несоницата

17 јули, 07:48

Високите летни температури во голема мера влијаат врз спиењето и квалитетот на сонот.

Долгите летни денови дополнително влијаат врз несоницата. Тие се уште една причина плус која придонесува навечер често да се вртиме и превртуваме во креветот, неможејќи навреме да заспиеме.

Од несоница страдаат сѐ поголем број луѓе.

Како резултат на топлото време во текот на денот, поголемиот број од луѓето се неспособни да ги извршуваат секојдневните активности, чекаат температурите да се намалат за да почнат нормално да функционираат. На вечер средуваат, готват и прават други работи поради кои спиењето полека и несвесно се одлага.

Колку поголема физичка активност имаме пред спиење навечер, толку и шансите за заспивање се помали.

Но како да се справиме со несоницата која директно е поврзана со високите летни температури?
Што препорачуваат стручњаците?


- Не консумирајте алкохол пред спиење бидејќи алкохолот го забрзува пулсот на срцето и истовремено го забрзува целокупниот организам. Наместо  да легнете смирени и да заспиете, вие ќе треба да се борите со раздразнетоста која се јавува како последица на алкохолот.


- Најдобро е да не јадете два до три часа пред спиење. На желудникот ќе му биде многу полесно да работи кога има помалку храна. Нема да чувствувате тегоби и тешкотии и нема да се превртувате во креветот. Најдобро е пред да одите да спиете да се напиете една чаша вода или млеко.


- Собата во која ги поминувате ноќите најдобро е да има пријатна и нормална температура. Не претерувајте со ладењето, бидејќи може многу лесно во текот на ноќта да настинете. Најдобро е пред да легнете да спиете да ја проветрите собата за природно да се намали температурата. 


- Колку што можете намалете ја бучавата која ве опкружува. Откако ќе ја изладите собата, убаво затворете ги сите прозори и врати. Телевизорот задолжително треба да е исклучен, но и сите други апарати во домот кои можат да предизвикаат немир и несоница.


- Спуштете ги ролетните и венецијанките на прозорите. Мракот и темната соба се гаранција за побрзо заспивање.


Исклучете го мобилниот телефон или најдобро е тој да не е во собата во која спиете, за да не паднете во искушение да го земете и да почнете да играте некоја игра на него, бидејќи не можете да заспиете. Дополнителен совет кој го препорачуваат стручњаците е да си пуштите некоја тивка и релаксирачка музика на вашиот телевизор (но со исклучен екран и со тивок глас) или систем, и да уживате во нежните звуци и тонови.


- Барем еден час пред спиење седнете, одморете се и ралаксирајте се. Не е препорачливо да извршувате потешки физички активности пред спиење бидејќи телото ќе се раздвижи и нема да биде спремно за сон.


Доколку секоја вечер се борите со несоницата и не можете навреме да заспиете, следете ги овие совети и за многу кратко време ќе имате мирен сон и ќе бидете наспани како никогаш досега, затоа што добриот и квалитетен сон му е потребен на секој еден човек за да може да биде здрав и нормално да функционира. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2143 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус