Животен стил, Живеј квалитетно

Како до совршено здравје

07 ноември, 07:00

Зошто овој напис е различен од останатите на оваа вечна тема?
Верувале или не, во овој вовед нема да ви кажеме скоро ништо, а ќе научите многу повеќе од сите други текстови кои ви даваат многу „практични совети“.

Како е тоа можно?
Понекогаш едно мало прашање ни дава поголемо знаење отколку милион големи одговори.
 

Дали се согласувате со ова?
Од вашиот одговор зависи дали овој текст може да ви помогне или само си го губите времето.
Доколку вашиот одговор е:

А: Воопшто не се согласувам
Сè уште не сте подготвени да ги превземете работите во свои раце. Вие сакате некој да ви го сервира решението на проблемот и со минимален напор да стигнете до посакуваната цел. Во тој случај нема поента да продолжите со читање на овој напис. Продолжете со читање на сите останати текстови кои прават да се чувствувате убаво и кои ги заборавате по неколку денови, часови или минути.

Б: Не сум сигурен
Вашата свест е на повисоко ниво. Има добри шанси овој серијал од текстови да ви помогне да го промените својот живот и да стигнете до совршено здравје.

В: Се согласувам 
Вие сте веќе подготвени да превземете одговорност за она што ви се случува во животот. Она што ви недостасува е некој да ви го покаже вистинскиот пат.
Она што ќе следува е серијал од автобиографски текстови напишани од некој што го постигнал совршеното здравје и што може да ве научи како и вие да успеете во тоа. Ќе ве водиме чекор по чекор. До секој голем успех се стигнува со голем број на мали чекори, нели?

Доволно ми е од филозофии. Кажете веќе еднаш како до совршено здравје?
Ако ова беше уште еден од оние површни текстови на оваа тема, тогаш ќе ви кажевме дека „одговорот е едноставен“ и дека има „лесно решение“ на проблемот.
Вистината е малку поинаква. Одговорот не е едноставен.
Вистината е дека има многу едноставни одговори, но сите тие ни откриваат само еден мал дел од целата слика. Уште поголема вистина е дека ние не сме подготвени за да го слушнеме целиот одговор. Немаме ниту доволно концентрација за да прочитаме нешто такво до крај, ниту пак доволно знаење за целосно да го разбереме.

Доколку го задржавме вашето внимание и сакате да бидете сигурни дека нема да го пропуштите следниот напис од овој серијал, тогаш можете:

Да кликнете Like на нашата Facebook страна


Да ни пратите e-mail на contact@mojportal.mk


автор: Jakimov Vladimir

Оваа вест е прочитана 2386 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус