Како изгледа вистинскиот замок на заспаната убавица

28 февруари, 00:34

Веднаш над градот Фисен во Баварија, високо во облаците се издига замокот Нојшванштајн.

Негово име значи „Лебедова карпа”, а прекрасното здание е изградено во 1800 година.

Замокот бил наменет за баварскиот крал Лудвиг II.

Во 1886 година замокот бил отворен за посетители, а до денес го посетиле преку 60 милиони туристи.

 

Нојшванштајн е еден од најубавите замоци во Европа. Дневно го посетуваат 6 000 луѓе, особено во летниот период, или околу 1.3 милиони годишно.

Прекрасното здание се состои од стражарница, витешки дом, две кули на западниот дел и утврден замок.

Внатрешноста е украсена со сцени од оперите на Вагнер, лустери со полускапоцени камења и прекрасни скулптури, а една соба е посветена токму на Вагнер и била опремена само за него.
Прекрасната т.н. Сала на пејачите била замислена како место каде Вагнер ќе ги пишува и изведува своите музички дела. Оваа сала и денес ја има истата намена.

Магијата на Нојшванштајн лежи и во неговата местоположба. Секое годишно време остава посебен белег врз оваа прекрасна градба. Облаците го прегрнуваат, снегот го покрива, а маглата му дава посебна мистичност и несекојдневност.

Токму овој замок бил инспирација за Замокот на Заспаната убавица во Дизниленд.

Ви пренесуваме дел од магијата на Нојшванштајн.

zamokot neuschwanstein, баварија, замок, нојшвајштајн

zamokot neuschwanstein, баварија, замок, нојшвајштајн

zamokot neuschwanstein, баварија, замок, нојшвајштајн

zamokot neuschwanstein, баварија, замок, нојшвајштајн

zamokot neuschwanstein, баварија, замок, нојшвајштајн

zamokot neuschwanstein, баварија, замок, нојшвајштајн
Салата на пејачите

zamokot neuschwanstein, баварија, замок, нојшвајштајн
Една од собите во замокот

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7153 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус