Како малите деца ја дефинираат љубовта?

15 февруари, 10:18

Најмалите и најискрените човечки битија - дечињата на многу едноставен и лесно разбирлив начин ја дефинираат љубовта. 
Некои од нивните дефиниции се толку едноставни и се поврзани со секојдневието, што на момент возрасните би се запрашале како е можно овие толку мали искрени детски очиња да ги имаат забележано токму таквите ситуации кои ги опишуваат како дефиниции за љубов.

Во продолжение на статијата прочитајте ги дефинициите за љубовта од дечиња кои се на возраст од 4 до 8 години. Прочитајте за тоа како тие ја доживуваат оваа возвишена состојба и убаво размислете за тоа што ќе го прочитате. 

Некогаш сите по нешто ново треба да научиме од најмалите и најискрените, па токму ова е шанса сите да научиме нешто ново од нив.


„Кога мојата баба доби артритис, повеќе не можеше да се наведнува за да си ги лакира ноктите на нозете. Поради тоа мојот дедо ја презеде таа обврска и тој не престана тоа да го прави, дури откако и тој доби артритис. Тоа е љубов.” - Ребека, 6 години.


„Кога некој те сака, тогаш тој на посебен начин го изговара твоето име. Ти знаеш дека твоето име е сигурно, кога се наоѓа во неговата уста. ” - Бил, 4 години


„Љубов - тоа е кога ќе одиш некаде да јадеш и на некој до тебе му дадеш повеќе од половина од твојот сендвич не барајќи ништо за возврат. ” - Дези, 6 години 


„Љубов - тоа е да се смееш дури и кога си уморен. ” - Тери, 4 години


„Љубов - тоа е кога мојата мајка му вари кафе на мојот татко и пред да му ја даде шолјата, пивнува голтка од неа за да се увери дека кафето е добро сварено. ” - Дени, 7 години


„Љубов - тоа е кога на својот дечко ќе му кажеш дека ти се допаѓа неговата кошула и потоа тој ја носи само неа секој ден. ” - Ненси, 7 години


„Љубов - тоа е кога твоето кученце ти го лиже лицето дури и кога си го оставило дома цел ден да биде само. ” - Мери, 4 години


„Кога некој сакаш, тогаш трепките цело време се спуштаат и се креваат горе - долу, а под нив се гледаат само две светли ѕвезди. ” - Карен, 7 години


„Љубов - тоа е кога мама ќе го види тато во бањата и не мисли дека тоа е неубава глетка. ” - Марк, 6 години


„Ако не љубиш ниту во еден момент не смееш да ги изговараш зборовите „Те сакам”. Но ако некој сакаш, тогаш мораш стално да ги изговараш тие зборови. Луѓето забораваат. ” - Џесика, 8 години


Соседот на едно 5 годишно детенце останал вдовец. Кога детето видело дека тој седи и плачи, отишол кај него, седнал во неговиот скут и седел некое време без ништо да прави и зборува. Кога неговата мајка го прашала што разговарале со соседот, малото дете одговорило: „Ништо. Само му помагав да плачи”. - Бени, 7 години


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2315 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус