Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Како разговарате според хороскопскиот знак

16 август, 06:47

Еден од најтешките моменти кога сакате да воспоставите комуникација со некоја личност е изборот на најсоодветен начин за да ѝ пристапите. Следните совети во однос на хороскопскиот знак ќе ви дадат одговор на повеќе прашања:

Овен – разговарајте директно, без формалности. Тие знаат да ја извлечат вистината. 

Бик – добро реагира на сензорни пораки. Тие ги примаат сите придавки кои ќе ги кажете, за чувства, вкус, звук, и врз основа на тоа формираат слика за тоа. Доколку зборувате без придавки нема да бидете разбрани.

Близнаци – ја ценат острата духовитост и често знаат да вметнат хумор во разговорот. Сакаат испревртени зборови и ја сакаат поезијата. Во разговорите со нив внесете повеќе инверзија на зборовите, затоа што комплексноста на јазикот кој се користи при говорењето е тоа што ги привлекува.

Рак – ја гледаат емотивната страна на пораката. За овие лица се важни бојата и тонот на гласот, во одредени ситуации и изразот на лицето им говори за тежината на темата за која разговарате. Дефинитивно со нив треба да се избегнува пишана комуникација. 

Лав – за нив комуникацијата мора да биде забавна. Кога разговарате со нив користете хипербола (преувеличување на зборовите) за да ја задоволите нивната потреба од забавен разговор. И тој говори драматично, затоа мора да сте рамноправни со него.

Девица – сака јасност, прецизна дикција, правилна граматика и добро избрани зборови. Девиците се нестрпливи за да дојдат до вистината и до суштината на разговорот, затоа дадете им  ја точната тема на разговор.

Вага – ужива во дипломатски разговори и тактички постапки. Потребно е да знаете само неколку работи кои се важни за вагата и да говорите за нив на високо ниво.

Шкорпија – ја сака основата на вистината, без додавање и одземање. Нивната брза способност за препознавање на лаги ќе го прекине вашиот разговор.

Стрелец – не сакаат здодевни теми. За нив поважно е темата да е возбудлива, отколку да е вистинита. Кратко време обрнува внимание на разговорот, па затоа бидете подготвени да не се навредите кога ќе забележите невнимание од негова страна.

Јарец – сака да ја знае однапред целта на разговорот. Кога разговорот се одолговлекува може да ја почувствувате нивната непријатна страна, бидејќи секогаш се зафатени и сакаат повеќе да делуваат отколку да разговараат.

Водолија – добар слушател, со задоволство ќе зборува за темата, креативни и некогаш не знаат да го запрат разговорот. Знаат да го воздигнат разговорот на повисоко уметничко ниво. Знаат да комуницираат и со лица со кои немаат многу заеднички нешта.

Риби – тие се надарени да зборуваат. Нивната способност да отвораат теми од различни области, да изнесат некои сознанија, ги прави доста добри соговорници. Во одредени моменти можат да ја искористат и поезијата за да ги пренесат своите ставови.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2434 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус