Здравје, Чаеви и масти

Како сами да подготвите крема за сончање

09 август, 05:16

Кога се работи за сопственото здравје компромиси не постојат. Потребата кожата да дише, а воедно да се заштити од сонце е причина зошто да продолжите со читање на оваа статија. 

Сте се запрашале ли што содржат кремите за сончање кои ги купувате од продавница? Во зависност од цената и составот се прилагодува. Верувајте, ништо не е подобро од она што сами ќе го подготвите. 

 

Крема за заштита на кожата од пчелин восок

Состојки:

  • ½ чаша бадемово или маслиново масло
  • ¼ чаша кокосово масло
  • ¼ чаша пчелин восок
  • 2 лажици цинк оксид
  • 2 лажици Karite путер
  • етерични масла или екстракт од ванила 

Подготовка:

Во сад со дупло дно поставен над пареа ставете ги маслата, восокот и путерот. Откако ќе се растопат и ќе се соединат се остава да се излади смесата, по што се додава цинк оксид. Внимавајте да не вдишите од цинк оксидот. Се меша додека да се соедини смесата. 
Се користи како и другите средства за сончање и тоа во период не подолг од 6 месеци.

Крема за сончање со алое вера

Состојки:

  • ½ чаша чист гел од алое вера
  • 20 капки масло од семки од морков
  • 5 лажици масло од пченични никулци
  • 1 лажица масло од коноп
  • 5 капки масло од лаванда

Подготовка:

Сите состојки се мешаат заедно, по што пред употреба треба да се протресе целата смеса. 

Каде и да одите ова лето, понесете природна крема за сончање и внимавајте на силните УВЕ зраци.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3996 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус