Како бакнувате според хороскопскиот знак?

21 октомври, 06:54

Се прашувате како бакнуваат вашите симпатии? Откријте веднаш според нивниот хороскопски знак.

Овен: Овните очекуваат сè или ништо, затоа и нивните бакнежи се огнени и страсни. Со своето присуство создаваат силна физичка привлечност, затоа внимавајте кога сте во нивно друштво.

Бик: Личностите родени во овој знак знаат да бакнуваат топло и смирувачки. Кога доаѓаат кон партнерот почнуваат да треперат. Нивниот бакнеж ќе сакате да трае вечно.

Близнаци: Кога се бакнуваат често знаат да се смешкаат и да зборуваат. Нивните бакнежи се брзи и секси. Кога еднаш ќе им дозволите нема да престанат со кратките и разиграни бакнежи.

Рак: Вистински романтичари кои знаат да подарат нежни и топли бакнежи. Често сакаат да бакнуваат на врат. Нивните бакнежи се сензуални и магични. Секој магичен миг со нив почнува одново и одново.

Лав: Препознатливи како личности полни со силна енергија, лавовите се огнени и диви, често касаат и не знаат да престанат.

Девица: Суптилните бакнежи на необични места се нивната основна карактеристика. Секогаш бакнуваат според однапред осмислен план. Потрудете се да дознаете што сакаат да ви покажат преку нивните бакнежи.

Вага: Романтичари во секој поглед, прават сè за да го задоволат партнерот. Секој нивни бакнеж е возбудливо и страсно искуство. Секој нареден бакнеж ќе ви предизвикува исти чувства како и првиот.

Шкорпија: Нивните бакнежи се силни, полни со енергија и страсни. Нема да останете рамнодушни после првиот бакнеж.

Стрелец: Љубителите на спонтани и изненадувачки настани знаат да подарат бакнеж и кога најмалку очекувате и на начин на кој не сте ни помислиле.

Јарец: Иако се бавни, никој нема да ги запре да го направат тоа што го сакаат. Бакнуваат со целото срце и душа. Нивните бакнежи се премногу елегантни и сериозни.

Водолија: Иако нивните бакнежи се помалку влажни и неуредни, знаат да ви го одземат здивот. Нивната спонтаност и различност од другите ќе ве изненади.

Риба: За нив бакнежот мора да биде нежен, интимен, длабок и полн со љубов. Едноставно тие се родени за вистински бакнежи!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2073 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус