Позитива, Поучни приказни

Како се чува љубовта

09 јануари, 13:43

Едно дете заедно со неговата мајка се шетале по песокот на некоја плажа.

Шетајќи, детето ја прашало мајка си:
- „Мамо како се чува љубовта?”

Мајката го погледнала и му одговорила:
- „Земи малку од песокот и стисни го со твоите рачиња.”

Детето зело од песокот и силно ги стиснало неговите малечки рачиња, но колку посилно ги стискало, толку повеќе од песокот паѓал на земја.

- „Мамо, но мене песокот ми паѓа!”

- „Знам сине, ајде сега отвори ги твоите дланки.”

Детето ја послушало, но токму во моментот кога ги отворило неговите дланки, дувнал многу силен ветер и целиот песок од неговите дланки се распрснал низ ветрот.

- „Ни вака не можам да го задржам песокот во моите раце.”

Неговата мајка со насмевка му рекла:
- „Сега повторно земи малку од песокот во дланките, но овој пат држи ги дланките во форма на лажица. Со таквата форма на дланките песокот ќе биде доволно затворен за да биде заштитен и доволно отворен за да биде слободен.”

Детето направило како што му рекла неговата мајка и песокот останал во неговите дланки, заштитен колку што треба од ветрот и слободен за да не паѓа помеѓу неговите мали прстиња.

- „Ете така се чува љубовта” - му рекла неговата мајка.


Размислете како вие ја чувате и ја негувате вашата љубов.
Дали постои напнатост, притисок и љубомора помеѓу вас и вашиот партнер? Ако е така верувајте дека еден ден, многу наскоро ќе и дојде крајот на вашата љубов. Зошто? Затоа што никој не сака да живее со љубомора и под притисок. Секој сака да има своја лична слобода.
Ако постои меѓусебна доверба во врската и љубовта станува сѐ посилна.
Сакајте, љубете и бидете вљубени во текот на целиот ваш живот, не се штедете да давате љубов кон оној кој ви значи, сакајте со целото ваше срце, но вашата слобода и слободата на вашиот партнер нека ви бидат на прво место ако сакате врската да ви успее.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3081 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Октомври

29 Октомври

Во 1944 - та година, во Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на „Нова Македонија” на македонски јазик.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус