Животен стил, За неа

Како се нанесува туш за очи

18 септември, 10:54

Голем дел од девојките ги обожаваат тушевите за очи, но проблемот е како правилно треба да го користите. Накратко ќе се потрудиме да ви објасниме како се нанесува туш за очи.

 

 

 

 

1. Природен изглед на вашите очи

Доколку работите во организација каде професионалниот изглед е на значајно ниво, или се подготвувате за викенд кога не е потребно да користите премногу шминка, добро е да им дадете добар облик на вашите очи. Никој не мора да забележи дека тоа не е вашиот природен изглед. За да го постигнете овој ефект на благо дефинирaње на вашите очи, користете црн туш ако вашата коса е темна или кафеав туш за посветла коса. Направeте линија со најтенкиот дел од тушот која ќе започнува од средината на очниот капак. Доколку имате потемна кожа околу очите, можете да нанесете сенка или коректор за изедначување со вашето лице.

 

2. „Smoke eyes“ ефект

Бидете сигурни дека овој ефект уште долго време ќе биде во мода. За да го постигнете посакуваниот ефект затегнете го очниот капак и движете се од внатрешноста кон надвор со тушот. Притоа, линијата која треба да ја исцртате на краевите треба да биде потенка, а во средината подебела. Потоа, земете сунѓерче или со вашиот прст размачкајте го тушот. Со тоа тој ќе ја изгуби својата интензивна боја, а потоа нанесете темна сенка и потрудете се сенките добро да се вклопуваат. 

На крај, за да ја отстраните вишокот сенка земете чиста четка или сунѓерче и со тапкање поминете по површината на очниот капак. 

 

3. Впечатлив изглед со дебели линии

Доколку сте љубител на дебелите линии избегнете ги тушевите во облик на молив. За да го постигнете овој изглед затегнете го очниот капак и повлечете линија од средината на окото кон крајот. Потоа, повлечете уште една линија од внатрешноста на окото до крајот, така што оваа и претходната линија која започнува од средината на окото да се надоврзуваат една до друга.

 

4. Мачкини очи

Дефинитивно мачкините очи се најсекси изглед за вечерно излегување. Затоа, време е да ги подобрите своите шминкерски способности барем за овој изглед. Затегнете го очниот капак и повлечете права линија од внатрешноста кон краевите, следејќи го секој агол на вашето око. Линијата треба да биде што може поблиску до окото. На долниот дел од окото направете линија од краевите до солзниот дел, околу ¾  од должината на окото. За крај, доколку сакате да го ублажите мачкиниот изглед користете сенка или молив со кафеава нијанса.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5564 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

12 август

12 август

Во 30 година п.н.е. починала Клеопатра, последената вледетелка на Птоломејската династија.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус