Животен стил, За неа

Како се создава еден фустан од бајките на Диор?

16 јуни, 13:13

Колку и да им се воодушевуваме на неверојатно убавите креации на звучните модни куќи, не можеме а да не се запрашаме зошто креациите на високата мода се толку скапи.

Која е вистинската вредност на еден фустан од Диор кој чини 30 000 долари?

Дали цената доаѓа сама по себе бидејќи Диор е Диор, или пак секоја креација има своја приказна која ја оправдува високата цена?

Видеото кое го објави Диор раскажува токму една таква приказна, вистинска бајка за раѓањето на една креација на високата мода.

Како се создава еден фустан од бајките на Диор, висока мода, фустани, креации, Парис, модна куќа, dior, visoka moda, kreacii, fustani, црвен тепих

Прекрасниот фустан на Диор од 1949 година неодамна доби своја минијатурна копија, направена во работилница на Диор во Париз.

На видеото се прикажани сите фази од рачната изработка, изработката на сите видови цветови потребни за креацијата и нивното поврзување во една целина за да се добие овој фустан од бајките.

Можеби не секоја дизајнерска креација има реална цена, но овој фустан на Диор и тоа како ја заслужува својата.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4908 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус