Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Дознајте каков е во љубовта според хороскопскиот знак

08 мај, 00:02

Ако сакате да дознаете каков би бил вашиот потенцијален партнер во врска, или пак сте на почеток на врската и не знаете што да очекувате, можеби одговорот се крие во ѕвездите.

 

 

 

 

Овен
Со овој знак владее Марс – богот на војната, па оттаму доаѓа и воинствената природа на мажите родени во знакот на Овен. Сакаат да преземаат иницијатива и да бидат главни во врската. Склони се кон флертување дури и кога се во врска, а од друга страна лошо реагираат ако нивната девојка погледне некој друг.
Може да бидат многу нестрпливи, па нема долго да ве чекаат да се подготвите за излегување, не губат многу време на предигра, едноставно сакаат нештата брзо да се одвиваат во врската.
Мажите Овни се великодушни во љубовта и честопати знаат спонтано да ги израдуваат партнерките со некој нежен гест на љубов и внимание. Кога ќе се вљубат, знаат да покажат љубов и страст.

Бик
Стрпливо ја чекаат љубовта на својот живот, сакаат сигурност во врската, лојални се и љубезни. Биковите се управувани од Венера – божицата на љубовта. Сакаат убави нешта, уметност и музика.
Можеби нема да ве опсипуваат со подароци, но затоа секогаш ќе бидат тука за вас кога ви треба некој за разговор.
Во љубовниот живот се малку предвидливи и здодевни, па за врската да успее вие сте тие кои ќе треба да го одржувате пламенот на страста и љубовта.

Близнаци
Близнаците се многу комуникативни и уживаат да зборуваат. Сакаат да се дружат, да запознаваат нови луѓе, особено девојки, и често стануваат добри пријатели со поранешните девојки.
Лошата страна на овој знак е потребата секогаш да имаат по две исти нешта, најчесто предмети, но понекогаш, иако ретко, оваа нивна потреба се одразува и во љубовта, па истовремено се во врска со две девојки.
Бидејќи најголем дел од врските на Близнаците започнале како пријателства, за да го задржите мажот роден во знакот на Близнаци потрудете се да му станете добар пријател и да имате добра комуникација.

Рак
Раковите се водени знаци и заедничка одлика на двата пола им се длабоките емоции. Кога ќе се вљубат, тежнеат кон силни и длабоки емоции. Мажите родени во знакот на Рак знаат да сакаат, но при изборот на партнерка многу размислуваат како нивните семејства ќе ја прифатат нивната избраничка.  Семејството секогаш им е на прво место, тие се посветени родители, сакаат да готват за семејството, да се грижат и секогаш да бидат тука за своите најблиски. Со еден збор, тие се прекрасни сопрузи и татковци.

Лав
Страствени, доминантни, силни... Лавовите гледаат на себе како на дар за жените, а можеби и навистина се дар? Најчесто се верни во врската и остануваат покрај својата партнерка цел живот. Се гордеат со своите избранички, но од нив очекуваат секогаш да бидат добро средени и дотерани, бидејќи и самите Лавови се токму такви, модерни и со стил.
Многу се приврзани за својата партнерка, љубезни се и знаат да покажат емоции.  

Девица
Мажите родени во знакот на Девица се доста интересни партнери. Со Девицата владее Меркур, а како резултат на тоа владеење овие мажи сакаат добра комуникација со своите партнерки, важна им е убавината, но и интелигенцијата кај понежниот пол. Кога стапуваат во врска многу се внимателни и пребирливи, па за да ги освоите бидете подготвени да го положите нивниот тест.
Како личности се многу одговорни, како во љубовта, така и во работата. Знаат да ги пофалат партнерките и секогаш ќе им бидат поддршка. Кога врската ќе наиде на проблеми, мажите Девици нема лесно да се откажат или да си заминат. Напротив, ќе се потрудат да најдат решение и да ја зацврстат врската.  
Лоша страна на овие лица е нивната навика постојано да бидат критични кон партнерката, но покрај толку добри особини, оваа нивна маана можеби и не е така страшна.

Вага
Управувани од Венера, исто како и Биковите, Вагите уживаат во сите облици на убавина. Романтични се, галантни, вистински џентлмени, едноставно се родени за љубов! Ќе направат сè што е во нивна моќ за да се приближат до своите романтични идеали. Во врска се одлични партнери кои секогаш ја поддржуваат партнерката, а за своите најмили би отишле и на крајот на светот. Од мажите Ваги можете да очекувате многу љубов и внимание. Тие никогаш нема да го заборават вашиот роденден или годишнина.

Шкорпија
Мажите Шкорпии се навистина чудни и загадочни личности. На почетокот на врската, дури и ако се заинтересирани за партнерката, нема да покажат никакви емоции. Долго ќе анализираат, ќе ги стават под микроскоп сите особини и постапки на партнерката, и така ќе се однесуваат сè додека не бидат сигурни дека ја пронашле вистинската личност. Но кога ќе бидат начисто со својот избор, се претвораат во верни и романтични партнери кои имаат потреба да бидат сакани. Од партнерката многу бараат и очекуваат, но затоа и многу даваат.
Најлошата страна на Шкорпиите е нивната способност да ја остават партнерката без никакво предупредување, доколку почувствуваат дека врската не може да напредува.

Стрелец
Стрелците се импулсивни личности кои по прекинот на една, брзо влегуваат во нова врска. Секогаш мислат дека ја нашле вистинската љубов и не обрнуваат внимание на предупредувањата од најблиските и пријателите. Туѓото мислење дека не си одговараат со партнерката за Стрелците не е важно.
За жал, романтичната идеја за вистинската љубов честопати се покажува погрешна, па кога Стрелецот ќе сфати дека не ја нашол сродната душа, ќе ја побара на друго место. Најмногу им одговараат друштвени и забавни девојки.
Мажите Стрелци се внимателни и дарежливи кон своите најблиски, многу се друштвени и имаат одлична смисла за хумор.

Јарец
Сакаат интелигентни и способни девојки, но кај партнерката бараат и особини кои покажуваат дека ќе биде добра сопруга и мајка. Бидејќи се амбициозни, напорно работат за да обезбедат добар живот за семејството, размислуваат за иднината и бараат партнерка со која ќе остарат заедно. За разлика од Стрелците кои влегуваат од врска во врска, Јарците бараат врска која ќе трае. Доста зрело размислуваат за љубовта и врските, дури и кога се премногу млади за да стапат во сериозна врска. Можеби затоа и сакаат повозрасни и позрели партнерки.

Водолија
Мажите Водолии најчесто се супер интелигентни, имаат многу различни интереси, сакаат спорт, патувања, се интересираат за филозофија и компјутери... Најмногу им одговараат партнерки кои се исто така паметни и со кои ќе ги делат интересите. Сакаат модерни и независни девојки кои не се плашат да ја земат контролата во свои раце.
Кога се во долга врска, може да им стане здодевно, па партнерката е таа која ќе мора да најде начин да внесе романса и свежина во врската, за да ја задоволи потребата на Водолијата од непредвидливост и возбуда.

Риби
Мажите Риби се вистински идеалисти, нежни сонувачи кои бараат вистинска романса. Подготвени се да жртвуваат многу нешта во име на љубовта и нема нешто што не би го направиле за саканата личност.
Лесно простуваат, многу се добри и нежни, премногу се романтични. Ако сте нежни со нив и ги сакате, љубовта ќе ви биде возвратена десет пати повеќе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3238 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус