Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Какви се Вагите во врска

26 септември, 06:46

Вагите се доста интересни знаци и поседуваат неколку карактеристики кои ги издвојуваат од останатите знаци на зодијакот.

Кога станува збор за љубовта и врските, Вагите не ги кријат своите чувства и не се штедат да ѝ покажат на саканата личност колку многу се грижат за неа. За возврат го очекуваат истото – да им покажете дека се сакани.

Она што ги прави идеални партнери е токму нивната посветеност и верност. Кога ќе се вљубат, сакаат цел живот (се разбира секогаш постојат исклучоци), верни се и посветени на врската.

Истата љубов и грижа ја покажуваат и кон најблиските и најсреќни се кога знаат дека нивните сакани се добри и згрижени.

Бидејќи се многу искрени, истото го очекуваат и од партнерот, затоа внимавајте да не ја изгубите нивната доверба.

Овие романтични души копнеат за нежност и романтика, и токму преку романтичниот однос со партнерот созреваат во врската.

Интересно е тоа што Вагите лесно и брзо се вљубуваат и не остануваат сами подолг период. Кога не се во врска, тие се во постојана потрага по партнер.
Поради оваа нивна особина може лесно да им го привлечете вниманието, но дали ќе останат покрај вас многу ќе зависи од вашата подготвеност да сакате отворено, нежно и искрено.

Доколку во вашиот живот веќе имате некоја Вага, не срамете се да ја опсипете со љубов и внимание. Вашата нежност ќе ви се врати двојно повеќе!

Дознајте кои се најдобрите карактеристики на Вагата!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2776 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус