Калинката – извор на здравје и моќен лек

15 јули, 06:14

Калинката е едно од најстарите познати овошја, за кое се пронајдени записи во многу древни ракописи и артефакти во различни религии и култури.

Истражувањата покажуваат дека калинката, односно сокот од ова овошје, ги спречува инфекциите на бубрезите и им помага на бубрежно болните полесно да се соочат со болеста.

Калинката го штити срцето и крвните садови, спречува атеросклероза (стеснување на крвните садови), го намалува холестеролот и крвниот притисок.

Помага при рак на дојката, рак на простата, рак на дебелото црево и леукемија.

Калинката е вистински извор на здравје, моќен антиоксиданс кој ја подобрува здравствената состојба на организмот.

Иако се потребни дополнителни истражувања за лековитоста на ова овошје, она што досега се знае за дејството на калинката е сосема доволно за таа да се вброи меѓу најздравите видови овошје.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6954 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус