Калишта – дом на ретка исцелителна икона

28 август, 04:11

Недалеку од Струга, јужно од селото Калишта се наоѓа прекрасниот манастирски комплекс Калишта – Пресвета Богородица.

Манастирот лежи на самото Охридско крајбрежје, кај хотелот Бисер, во прекрасен и природен карпест амбиент.

Централно место во комплексот има малата пештерска црква. Изградена е некаде во 14 век и претставува основа на целиот манастирски комплекс.

Оваа мала црквичка направена во карпа се состои од три монашки ќелии, две на долниот и една на горниот кат. Во секоја од ќелиите се влегува низ сосема мала и тесна врата, а и самите ќелии се мали простории полни со историја и духовност. Достапни се за посетители, па секој може да зачекори по стапките на монасите и да понесе дел од нивниот внатрешен мир.

pesterska crkva kalista, пештерска црква, калишта, струга

Во минатото во ќелиите престојувале многу учени луѓе и поети, меѓу кои и браќата Миладиновци.

Во комплексот е сместена и поголема црква, Рождество на Пресвета Богородица, која датира од 17 век, а во 1977 година била реновирана.

Манастирскиот комплекс Калишта плени со својата едноставност, мир и убавина. Од црквата посветена на Св. Петар и Павле извира лековита вода за која мештаните велат дека има голема исцелителна моќ.

свети петар и павле, калишта, kalista, sveti petar i pavle

Пред манастирскиот комплекс спокојно лежи Езерото, над манастирот гордо се издига карпата, спокојот се вгнездил насекаде, а манастирот чиниш раскажува за својата историја, за духовноста и за Мајката Божја.

Bogorodica vo crno, Kalista Токму овде, и на ни едно друго место во Македонија, е домот на единствената икона каде Мајката Божја е  насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.

Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.

Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ.

Иконите на кои Богородица е насликана со црна боја се  навистина ретки.

 

Во Европа има околу 450 вакви икони, и токму една од нив е сместена во манастирскиот комплекс Калишта.

Природата, опкружувањето, ретката икона на Богородица и можноста да се зачекори низ монашките ќелии му даваат посебна магија на целиот комплекс.

Калишта ве очекува да ѝ се помолите на Мајката Божја, а доколку не сте верници, тогаш барем да се насладите од убавината и спокојот на манастирскиот комплекс.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 24678 пати.

Коментари [4]

aleksandra

dali moze da mi kazete crkvata kaj vodata e Sv.Petar i Pavle, centralnata Sv.Bogorodica a taa do Sv.Bogorodica vo karpata e del od crkvata ili e i taa crkva so svetec?

moj portal

Александра, црквата со лековитата вода е Свети Петар и Павле, а малата пештерска црква каде била пронајдена иконата на Богородица во црно е исто така посветена на Рождеството на Пресвета Богородица како и централната. Всушност, малата пештерска црква е најстара, а подоцна била изградена новата и таму била префрлана иконата.

aleksandra

Blagodaram

Sonja

Pesterskata crkva na slikata e na 200m od drugite i se vo cest na Sv. Atanasie

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 јануари

29 јануари
Во 1845 година, во неделниот весник New York Evening Mirror, била објавена „Гавранот”, легендарната поема на Едгард Алан По.        
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус