Кантарион – билка која значи здравје

01 јули, 09:53

Жолтите цветови на оваа чудесна билка се надалеку познати по лековитата моќ за лечење на опекотини и рани, но кантарионот наоѓа голема примена и при лечење на многу болести.

Поради  лековитата моќ го нарекуваат и Богородична тревка или Тревката на Свети Јован.

Името Богородична тревка го добил поради лековитата моќ за женските болести (неуредни менструации, воспаление на јајници...).

Познат е и како моќен борец против депресија, бидејќи чајот од кантарион ги смирува нервите и делува антидепресивно.

Истражувањата покажуваат дека кантарионот има и антивирусни својства, па е одличен лек за сезоните на грип.

Покажува добри резултати и при лечење на чир на желудникот и дванаесетпалечното црево.

Оваа чудесна билка ја има насекаде во природата. Цвета од мај до август, цветовите се собираат и сушат под сенка и служат за подготовка на чај.

Масло од кантарион
Маслото од кантарион е многу лековито. Може да го подготвите дома и да го користите за рани и опекотини, а може и да се пие 1-2 лажички дневно за лекување на чир на желудникот.
Во стаклено шише или тегла ставете свежи цветови од кантарион и дополнете го шишето со маслиново масло. Оставете го на сонце 40 дена, повремено протресувајте ја теглата за да се измешаат цветовите. По истекот на 40-те дена исцедете го маслото и ставете го на темно и суво место.


Напомена: Сосема е погрешно користењето на маслото од кантарион како средство за сончање. Кантарионот ја штити и лекува кожата, но не смеете да се изложувате на сонце по нанесувањето на маслото.
Напомена: Чајот од кантарион не се препорачува за трудници.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 14527 пати.

Коментари [1]

farmac.laborat.tehnichar

Kantarionot zolt i kako chaj da se zema go lechi ULKUSOT na zeludec no i za nastinka,dodeka KANTARIONOVOTO maslo gi lechi site bakterii do edna nesamo H.Pylori,koj e prichinitel za ULKUS na zeludec,bulbus i dvanaesetpalachno crevo.Nitu antibioticite,koi shto se so shirok spektar na deluvanje a se rezistentni kon nekoi vidovi bakterii,kaj KANTARIOVOTO maslo nema REZISTENCIJA,tuku e SENZIBILNO kon site vidovi bakterii i se zema samo 1 lazica nautro 30 min.pred jadenje nautro i 1litar se pie za 2meseci i nema ni ulkus ni H.Pylori,bez tie trojni terapii od chista farmaceftska hemija.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

30 Ноември

30 Ноември
На денешен ден, во 1835 година е роден американскиот писател Семјуел Лангхорн Клемeнс, познат како Марк Твен.     
© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус