Киви – витаминска бомба

18 октомври, 07:11

Овошката киви која е богата со витамините Ц, A, Б, K и E, како и со минералите калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо претставува витаминска бомба за организмот. 
Благодарение на содржината на сите овие витамини и минерали, кивито е едно од најбараните и најупотребувани овошја кое го користат во исхраната оние кои сакаат да се грижат за здравјето.

Умерената употреба на киви помага за зајакнување на имунолошкиот систем, го регулира крвниот притисок, помага во лечењето на разни респираторни заболувања, ја намалува главоболката и го намалува стресот, го смалува ризикот за мозочен удар, го намалува холестеролот во крвта, ги неутрализира слободните радикали и ги исфрла токсините од организмот.

Со редовна употреба на киви се регулира нивото на триглицеридите во крвта за 15%, се одржува цврстината на коските и забите и позитивно влијае на метаболизмот, бидејќи одржува рамнотежа на корисните и штетните бактерии во цревата. 

Во нашето поднебје кивито најчесто се конзумира како свежо овошје, но може да се применува и при правење на колачи, џем, како и при подготвување на лековити пијалаци.

Поради високиот процент на витамин Ц и овошни киселини, кивито е многу честа состојка во производите наменети за нега на лице и тело. Ја штити кожата од стареење, ги смалува зголемените пори, го регулира лачењето на маснотија и ја прави кожата нежна и мека.
Доколку сакаме да изгледаме млади и да немаме поголеми здравствени проблеми, потребно е кивито да стане наше секојдневие, т.е. да го конзумираме секојдневно. 

Сепак, треба да се внимава со внесениот број на киви во организмот, бидејќи преголемото внесување може да доведе до алергии. 
Препорачана дневна доза е 2 до 3 киви.

Во обид за зачувување на здравјето јадете киви и уживајте во неговите благодати.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3696 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус