Книга

„Bared to you“ на Силвиа Деј

22 јануари, 11:32

„Bared to you“ се вбројува во 10-те најпродавани книги за 2012 година.

Станува збор за книга со романтична и еротска содржина на искусниот автор Силвиа Деј.
Главниот лик, 24 годишната девојка Ева Трамел, која во детството била жртва на сексуално насилство сѐ уште не може да ја надмине суровата болка. Случајно ќе се запознае и ќе се заљуби во младиот билионер Гедеон Крос, за кој подоцна дознава дека исто така бил жртва на сексуално насилство како дете.

Подгответе се да прочитате за животот на овие две сродни души кои зеадно ќе се потрудат да ги излечат раните од минатото и да создадат здрава врска.

Книгата беше промовирана на 3 Април 2012 година, по што се продаде во одлични 500.000 примероци, а може да ја најдете и во електронска верзија. За сега „Bared to you“ е достапна само на англиски јазик.

 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2237 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус