Книга

Бестселери кои доживеаја филмска адаптација во 2014

05 септември, 06:39

Во светот на филмот и пишаниот збор постои едно непишано правило според кое книгата е секогаш подобра од филмот снимен според неа.

Сепак, и книгата и филмот имаат своја посебна магија, иако книгата можеби ни дозволува малку повеќе да фантазираме, да ја разбудиме нашата имагинација и да создаваме своја претстава за нештата опишани преку пишаниот збор.

Секоја година многу книги доживуваат филмска адаптација, но некои отскокнуваат од другите, некои едноставно се книги (и филмови) кои не смеете да ги пропуштите и не залудно се вбројуваат меѓу светските бестселери.

Ако веќе сте ги гледале филмските адаптации, не пропуштајте да прочитате дел од овие книги, кои изминатите години наидуваа на огромно задоволство кај читателската публика.

Топ  бестселери и истоимени филмови

„The Monuments Men” – романот на Роберт Едзел и Бред Витер излезе од печат во 2009, а годинава доживеа и филмска адаптација. Оние кои ја прочитале книгата тврдат дека е далеку подобра од филмот и заслужува внимание.
Приказната нè носи во времето на Втората Светска Војна, кога група луѓе се обидуваат да ги украдат ремек делата кои Нацистите ги заплениле и да им ги врата на сопствениците.
Напишана според вистински случувања, „The Monuments Men” наиде на одличен прием кај читателите.
Филмот пак (во режија на Џорџ Клуни, кој заедно со Мет Дејмон, Џон Гудман и Кејт Бланшет се јавува и како актер) многу потсетува на добро познатиот Ocean's Eleven, па оттука доаѓа и незадоволството на гледачите кои во овој случај ја препорачуваат книгата.

Бестселери кои доживеаја филмска адаптација во 2014, најпродавани книги, романи, филмови, bestseleri, knigi, filmovi, анџелина џоли, џорџ клуни, режија, the monuments man, divergent, the faults in our stars, unbroken

„Divergent” – првиот дел од трилогијата на Вероника Рот е уште еден бестселер кој доживеа огромен успех, иако романот многумина го споредуваат со „Игрите на гладот”, поради сличната тематика.
Филмската адаптација се случи годинава и можеме да кажеме дека станува збор за добар филм, иако книгата несомнено поуспешно ќе нè доближи до ликовите и нивните особини.

Бестселери кои доживеаја филмска адаптација во 2014, најпродавани книги, романи, филмови, bestseleri, knigi, filmovi, анџелина џоли, џорџ клуни, режија, the monuments man, divergent, the faults in our stars, unbroken

„The Fault in Our Stars” – роман на Џон Грин, една од најдобрите книги во 2012 година.
Приказната за двајцата млади кои боледуваат од рак и наоѓаат нова надеж во љубовта која се раѓа, е преточена и во филмска приказна.
Мислењето на публиката е следно – филмот е одлична адаптација на книгата и претставува неповторливо уживање од почетокот до крајот.

Бестселери кои доживеаја филмска адаптација во 2014, најпродавани книги, романи, филмови, bestseleri, knigi, filmovi, анџелина џоли, џорџ клуни, режија, the monuments man, divergent, the faults in our stars, unbroken

„Unbroken”, роман на Лора Хиленбренд, е вистинска приказна за Луис Замперини, Олимпиец кој за време на Втората Светска Војна преживеа авионска несреќа, повеќе од еден месец прежива на сплав  во Пацификот, за потоа да биде затворен од Јапонците цели 2 години.
Романот веќе е светски бестселер, а филмската премиера се очекува во декември, оваа година, во режија на Анџелина Џоли.

Бестселери кои доживеаја филмска адаптација во 2014, најпродавани книги, романи, филмови, bestseleri, knigi, filmovi, анџелина џоли, џорџ клуни, режија, the monuments man, divergent, the faults in our stars, unbroken

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1908 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус