Книга

„Играта на животот” од Флоренс Сковел Шин

02 декември, 13:22

Познатата писателка Флоренс Сковел Шин која меѓу читачката публика е позната како „чудотворка”, била позната како духовен учител и исцелител, затоа што секогаш била подготвена за разговор, била спремна секому да помогне, била духовита и многу отворена за било каква соработка.

Нејзиното најпознато дело „Играта на животот” за релативно кратко време после издавањето станало многу популарно, затоа што им го променило животот на илјадници луѓе ширум светот.

„Играта на животот” е книга која учи на тоа дека животот не е борба, туку игра - игра на давање и земање. 
Сѐ што човек кажува и прави сѐ ќе му се врати; тоа што го дава тоа и ќе му се врати. 
Ако нуди и дава љубов, ќе добие љубов, ако шири омраза, омраза и ќе добие, ако лаже и него ќе го лажат.

Книгата учи како од нас да го извлечеме најдоброто, не учи на тоа дека треба во секој поглед и во секој момент да размислуваме позитивно, бидејќи само на тој начин ќе им дозволиме на здравјето, благосостојбата, љубовта, пријателството и сѐ останато што е позитивно, да биде колку што е можно повеќе присутно во нашиот живот.

Стравот е единствениот непријател на човекот, тој стои на патот кон достигнување на среќата. Треба да научиме да го победиме за да се ослободиме од сите негативности и комплетно да бидеме среќни и задоволни, а тоа ќе го постигнеме доколку ја прочитаме оваа извонредна и неверојатно поучна книга и доколку ги применуваме советите кои се опишани во неа.

„Стравот и сомнежот мора да се заменат со верба и со љубов. 
Храброста во себе носи генијалност и магија. 
Љубовта и добрата волја ги отстрануваат сите пречки на нашиот пат. 
Кога човек може да посака а да не се грижи, сите желби ќе му се исполнат. 
На човекот му е дадена моќ своето небо да го спушти наземи и тоа е целта на играта на животот”. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5867 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус