Книга

Како да го излечите својот живот од Лујза Л. Хеј

27 ноември, 07:33

Кога ќе се спомене зборот лекување, тоа обично ни асоцира на болест. 
Сепак, кога би знаеле како функционира нашиот ум, тогаш ќе ни стане јасно дека има многу повеќе работи кои можеме да ги излечиме. Всушност, нема нешто што не може да се излечи.

Лујза Хеј ова многу убаво го објаснува во својот бестселер, „Како да го излечите својот живот”, продаден во повеќе од 30 милиони примероци. 

Читајќи ја книгата ќе сфатиме дека ние не само што сме 100% одговорни за тоа што ни се случува во нашиот живот, туку и самите ги избираме проблемите со кои се соочуваме бидејќи сите тие носат значајна животна лекција којашто мораме да ја научиме за да продолжиме понатаму.

Главната поука од оваа книга е дека ние ја имаме целосната контрола врз својот живот и доколку веруваме во тоа, тогаш можеме да ги надминеме сите проблеми и да ги направиме сите позитивни промени кои досега сме чекале некој друг да ги направи за нас, или пак сме сметале дека е невозможно да се направат.

Всушност, единствените ограничувања се оние коишто самите сме ги создале со нашите негативни уверувања. 

Време е да го излечиме својот живот и да го откриеме и оствариме својот вистински потенцијал.

 

 

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 9054 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус