Книга

Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма

12 јануари, 07:12

Доколку сакате да прочитате приказна која ќе ви го открие и ќе ви го покаже патот кој води до остварување на своите соништа и ќе ве натера да ја „земете” судбината во вашите раце, тогаш оваа неверојатно поучна книга е вашиот вистински избор.

Извонредниот писател Робин Шарма преку неговата дарба за пишување и за создавање на врвни уметнички книжевни дела, од ден во ден прераснува во еден од најбараните и најчитаните писатели во денешно време.

Од неговото перо произлегоа врвни книжевни дела како што се: „Калуѓерот што го продаде своето ферари”, „Откријте ја својата судбина”, „Тајните писма”, „Светецот, сурферот и директорот” и многу други, но сѐ започна токму со книгата „Калуѓерот што го продаде своето ферари”, книга која постигна светска слава и во сите книжари ширум светот се бара сѐ повеќе и повеќе.

Приказната е за неуморниот адвокат Џулиен Ментлу, кој работи повеќе отколку што треба, со цел да постигне колку што е можно повеќе богатство и слава.
Премногу внесен во неговата работа, адвокатот доживува срцев удар, кој за малку ќе биде фатален по неговиот живот. Преживеаниот срцев удар се случува не по некоја случајност, туку со причина која Господ му ја праќа на адвокатот за да го натера  да го промени неговиот живот, причина која ќе го натера Џулиен да размисли за неговиот живот и да ги побара одговорите на најважните животни прашања. 
Во потрага по тие одговори Џулиен заминува на едно необично патување на Хималаите, на кое запознава стара култура која ја проповедаат мудреците од Сивана, која ќе му открие моќен начин како тој да го ослободи потенцијалот на неговиот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир.

Книгата е прекрасен спој на древна духовна мудрост и строги принципи за успех.
Од неа, преку многу едноставни примери можеме да разбереме многу работи, кои доколку одлучиме да ги применуваме можат и од корен да ни го променат нашиот живот.

Доколку се решите да ја прочитате книгата Калуѓерот што го продаде своето ферари, верувајте дека ќе направите одличен избор и дека во ниту еден момент нема да погрешите, затоа што преку оваа книга ќе го откриете патот кој води кон похрабар и поурамнотежен живот, живот кој ќе ви биде исполнет со изобилство и со радост.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4590 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус