Книга

„Кога Ниче плашеше” – неверојатен роман!!!

23 декември, 06:30

Доколку ви се чита нешто навистина добро, интересно и квалитетно, ви ја препорачуваме неверојатната приказна сместена во 19 век во Виена, време на многу влијателни личности кои оставија свој белег во историјата на човештвото.

„Кога Ниче плашеше” е ремек-дело кое ќе ве привлече уште со првите неколку реченици и ќе го задржи вашето внимание до последната страница.

Во центарот на приказната е Фридрих Ниче, филозоф со брилијантен ум чии дела никој не ги чита бидејќи се многу понапредни од времето во кое се создадени. Судбината го поврзува со Јозеф Броер, легендарен лекар заслужен за темелите на психоанализата, човек кој ќе прифати да го лекува очајот на Ниче, а притоа ќе стане свесен за сопствениот очај и незадоволство од животот кој го живее.
Сигмунд Фројд, кој во тоа време бил многу млад, е уште еден историски лик оживеан на страниците на извонредниот роман.

Сите ликови во романот се реални личности, но поголемиот дел од приказната е измислена од страна на авторот.

„Кога Ниче плашеше” не е наменет само за вљубениците во филозофијата, туку за сите оние кои го сакаат пишаниот збор и трагаат по смислата на животот. Романот ќе ве поведе на едно интересно патување во длабочините на човековата психа и ќе ви покаже колку е моќно пријателството и колку искрениот разговор може некому да помогне.

Извонредниот роман на Ирвин Јалом се чита во еден здив и долго останува во сеќавање.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2971 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус