Книга

Моќта на потсвеста

24 ноември, 00:49

Светскиот бестселер „Моќта на потсвеста” од Џозеф Марфи е книга која секој би требало да ја има во својот дом. 

Едноставноста и вистинитоста на зборовите кои се употребени во книгата е тешко да се паметат, па затоа е добро, понекогаш, од време на време, да ја отвориме книгата и да се потсетиме на нив и на нивното големо значење.

Низ многу едноставни примери Џозеф Марфи успева да ја долови смислата на книгата - како да научиме да ја контролираме нашата потсвест.

Зборовите напишани во „Моќта на потсвеста” имаат моќ да допрат до секој читател,  имаат моќ да направат позитивни промени во животот, имаат моќ да направат чуда.

Доколку научиме да ја препознаеме и ослободиме скриената моќ на сопствената потсвест, во својот живот ќе внесеме сила, богатство, здравје, среќа и задоволство. 

Па нели секој од нас ги посакува овие работи? Нели секој од нас се стреми кон остварување на своите идеали и цели?

„Моќта на потсвеста” ќе ви даде одговори на многу прашања, ќе ви биде патоказ во животот и ќе ве научи дека вашата потсвест може да ви одговори на сите ваши барања. Сé што вие треба да направите е само да побарате од потсвеста она што ви треба и верувајте таа ќе ги исполни сите ваши барања.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 8847 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус