Книга

Најголемото чудо на светот - книга која прави чуда

14 септември, 00:03

Ако од полицата полна со книги треба да изберете една и да ја оставите отворена за постојано да ѝ се навраќате, „Најголемото чудо на светот” е една од ретките која тоа навистина го заслужува.

Светскиот бестселер на Ог Мандино, книгата која го обиколи светот и им го промени животот на илјадници кои ја прочитале е ремек дело кое ќе ви помогне да направите чуда во вашиот живот и да станете свесни за вашата вредност како човечки суштества.

„Најголемото чудо на светот” е книга која се чита во еден здив, ви отвора сосема нов поглед на светот и вашето место во него, ве охрабрува, поучува и ви влева надеж и верба во иднината.

Преку лекциите на добриот старинар Сајмон ќе ја откриете тајната за најголемото чудо на светот, ќе бидете сведоци на пронаоѓањето на патот кон среќата, ќе се здобиете со самопочит и душевен мир.

„Најголемото чудо на светот” е книга која ќе ја препорачате од срце на оние кои искрено ги сакате.

Зборовите на Божјиот старинар Сајмон нека ви бидат поттик да посегнете по страниците на чудесната приказна:

„Повторно си роден, но како и порано повторно можеш да бираш меѓу неуспехот и очајувањето, или успехот и среќата. Тоа е твој избор. Само твој.
Избриши ги солзите. Посегни по мојата рака, фати ме и исправи се.
Денес јас и ти дознаваме кое е најголемото чудо на светот”.

Прочитајте ја оваа едноставна, но толку моќна приказна и откријте кое е најголемото чудо на светот.

Откритието е толку едноставно, а сепак доволно моќно за да ја збогати вашата душа и срце.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3711 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус