Книга
Покривите на Техеран
Младиот Паша Шахид безгрижно ги минува летните ноќи на покривот од родителскиот дом, сонува за иднината и ги дели своите соништа со најдобриот пријател Ахмед. Паша е вљубен во прекрасната Зари, негова другарка и сосетка која одамна е ветена на друг младич...
„Покривите на Техеран” не е само едноставна љубовна приказна. Тоа е роман за љубовта, пријателството, мечтите, но и страшниот режим со кој се соочуваат младите Иранци и нивната борба за создавање на еден поубав свет.
Страниците на книгата ќе ви откријат еден сосема поинаков свет од нашиот, свет во кој тагата искрено се споделува за да се ублажи, свет во кој треба многу трпение, љубов и искреност за да се освои срцето на една девојка и каде соништата се посилни од диктатурата и ужасот.
„Покривите на Техеран” е дело на Махбод Сераји, Иранец кој долги години живее во Америка, но секогаш се навраќа на своите корени преку пишаниот збор.
Додади коментар