Книга

Рецепт за вистинска среќа

11 декември, 07:03

Доколку сакате да ја искусите радоста наспроти обременетото време со тешкотии, доколку сакате да научите да му се радувате на животот, доколку сакате да ја доживеете и лично да ја искусите вистинската среќа, несомнено треба да ја прочитате оваа лесна, едноставна и единствена книга од светски познатиот писател Дипак Чопра.

„Рецепт за вистинска среќа” е разбирлива и корисна книга која ќе ви открие и ќе ве научи како да го задржите оптимизмот и да уживате во благодатите на среќното срце и душа, без оглед во какви околности се наоѓате.

Патувајќи низ страниците на оваа исклучителна книга, ќе дознаете како свесно да чекорите низ животот, како да бидете спонтани, со ведар дух и опуштени.

Со право Дипак Чопра се вбројува меѓу светски познатите писатели, бидејќи пишува и создава уникатни и несекојдневни книги кои имаат големо влијание врз подобрувањето на животот на луѓето, насекаде во светот.

„Рецепт за вистинска среќа” е книга која се чита во еден здив, а поуките кои од неа ќе ги извлечете, ќе останат долго во вашите сеќавања и будно ќе ве потсетуваат дека среќата треба да ја барате и да ја наоѓате во сé што е околу вас и ве опкружува, не подалеку од тоа.  

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3931 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус