Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Кое е значењето на вашиот број?

02 јули, 07:01

Кога ќе ги собереме броевите од датумот на раѓање го добиваме бројот кој ја опишува нашата личност и укажува на бројот на нашата сродна личност. За оние кои не го знаат својот број ќе дадеме краток пример како се пресметува бројот на личноста:
Ако сте родени на следниот датум: 01.11.1998 година вашиот број е: 1+1+1+1+9+9+9=30, потоа се собират и следните цифри: 3+0=3. Значи вашиот број е 3.

 

Број 1: овој број означува единство, почеток, Бог, креативност и е симбол на физичка и психичка активност. Единицата го изразува лидерството и во центарот на вниманието ја става индивидуата. Личностите со овој број се амбициозми, склони кон организирање, уживаат да бидат лидери, а кога се на врвот се најсреќни. Но, често се осамени и агресивни.

Број 2: личности кои се попустливи, простуваат, пасивни, едноставни и стабилни. За двојките најважни се едноставноста и вистината. Секогаш се во улога на следбеници, а на нив другите гледаат како слаби и срамежливи личности. Но, двојките се родени за преговарање и за водење дипломатски преговори.

Број 3: личностите со овој број се активни, хармонични, дружељубиви, имаат одлични комуникациски вештини и се носители на среќа и добро расположение. Тројките се полни со надеж, секогаш го наоѓаат доброто и во најлошите ситуации. Родени се да бидат посредници меѓу 1 и 2.

Број 4: стабилни, крути, здрави и упорни личности кои не се откажуваат од својата цел, четворките забораваат да уживаат во малите задоволства во животот. Често се јавува замор и здосаденост од напорната работа, но за работодавците тоа се добри работници посветени на задачите, знаат да планираат, да организираат и одлично се снаоѓаат како административци.

Број 5: накратко личности со жив дух. За петките не постои ништо невозможно, тие се немирни, авантуристи, брзо се прилагодуваат на промените, ги сакаат истите, преземаат ризик и не можат да им одолеат на предизвиците. И како љубовни партнери се многу забавни. За нив едноставноста е одбивна карактеристика. Независно од возраста тие секогаш ќе бидат полни со енергија и хумор. 

Број 6: безбедноста и топлината се најзначајни за овие личности. Шестките се родени со голема љубов и топлина која сакаат да им ја дадат на своето семејство и своите сакани. Се хармонични, друштвени, одговорни личности кои добро знаат да одговорат на проблемите во животот. Прилагодувањето кон промените во животот е најзначајниот предизвик за нив.

Број 7: најмагичен број кој поседува сила и психичка способност. Најчесто се мистични и често се осамени. Седумките се високоинтелигентни личности кои и ако не се трагачи по богатство, тоа само ги наоѓа. Од опшеството се сфатени како далечни и ладни личности. Како вработени тие се дисциплинирани, одговорни и без потреба од надзор. Целиот свој живот трагаат по вистината и се обидуваат да ја разберат. 

Број 8: трагаат по материјални средства и ја претпочитаат практичноста. Кај осумките често недостасува трпение, сакаат ред и голема заработка. Но, се сфатени како бесмислени трагачи по своите цели. Како членови на семејството се големи заштитници на домот и саканите, љубовта, страста и брачните обврски се дел од нивниот успех. 

Број 9: е моќен број. Деветките се личности со широка визија, со способност да ја согледаат големата слика и да решаваат големи проблеми. Нивните високи идеали ги поттикнуваат постојано да бараат начин да го подобрат тоа што го прават. Овие личности најчесто имаат брачни партнери од друга држава. Кога станува збор за нивните достигнувања често се себични и тешко простуваат. 

Број 11 (1 или 1+1=2): интуитивни, неконвенционални, практични и разумни. Единаесетката ги има карактеристиките на 1 и 2. Со тоа се балансираат карактеристиките меѓу двата типови на личности. 

Број 22 (2 или 2+2=4): и овој број се намалува како и претходниот. Дваесетидвојката ги прима позитивните карактеристики на четворката.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6362 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

6 Јуни

6 Јуни

Во 1799 година, во Москва е роден познатиот руски поет и основач на модерната руска литература, Александар Сергеевич Пушкин.

© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус