Здравје, Здрави навики

Кофеинот им штети на младите

09 октомври, 06:59

Влијанието на кофеинот врз здравјето на младите луѓе, врз адолесцентите е огромно.

Кофеинот многу штетно, а за жал во некои случаи и погубно, делува врз правилниот развој на мозокот на младите луѓе - советуваат Шведски научници, кои долго време вршеа истражувања во оваа област.

Кофеинот е најмногу застапен во енергетските пијалаци, кока колата и секако во сите видови на кафе.

Во периодот на развој од 13 до 19 година, кофеинот ги нарушува нормалните функции на мозокот и го спречува неговиот правилен развој.

Истражувачите советуваат дека доволно е секојдневно, подолг период да се внесуваат од 300 до 400 мг. кофеин за да започне процесот на стопирање на развојот на мозокот. 
Оваа количина кофеин ја има во 3-4 шолји кафе, во 3 лименки енергетски пијалаци или во шише кока кола од 2 литри.

Доколку навреме не се дејствува и не се намали внесувањето на кофеин, кај адолесцентите можат да се појават намалена концентрација и внимание, неможност да се фокусираат на одредена тема при разговор, расеаност, а во полош случај се јавува и пореметување на личноста, шизофренија, нервни растројства и многу други непосакувани психички проблеми.

Кофеинот исто така е причина за губењето на длабоките фази од сонот, со што се нарушува и спиењето, па така младите кои многу често консумираат кофеин имаат многу лош сон и постојано се напнати и нервозни.

Во периодот на пубертет кога мозокот поминува низ многу осетлива фаза на развој, единствен и најстрашен непријател кој во голема мера може да го наруши правилниот развој е токму кофеинот, па затоа младите луѓе кои се наоѓаат во пубертет треба по секоја цена да го избегнуваат штетниот кофеин за да имаат правилен развој на мозокот за во иднина да пораснат во сигурни, стабилни и здрави личности.   


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2015 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус