Кога и како да носите бел костум

20 април, 03:30

 

 

 

 

 

 

Мажите убаво изгледаат во бело.

Бел костум со убава кошула и вратоврска се комбинација која многу мажи посакале да ја имаат во својот плакар.

Сепак, кога станува збор за бел костум, имајте ги предвид следните нешта:

  • Изберете модерен, струкиран костум кој убаво ќе лежи на вашите рамена. Кошулата нека биде едноставна, без пруги, со нежни пастелни бои. Најдобра комбинација се кошулите со светло сина или лилава боја.
  • Белиот костум се носи во лето, не помислувајте да го облечете во есен или зима!
  • Правилото да не носиш бело на свадба (освен, ако си невеста) важи за девојките, па свадбите се одлична прилика мажите да облечат бел костум.
  • Белиот костум не е дел од формалниот стил на облекување. Не можете да го носите на работа или на службени состаноци.

За комбинацијата сепак одлучувате вие! Што и да облечете, најважно е да се чувствувате убаво и пријатно.
Летото изминува, покажете ги своите бели костуми и бидете неодоливи!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5816 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус