Кога треба да ставите крај на врската

19 октомври, 06:22

Во секоја врска покрај убавите моменти и доживувања, постојат моменти на нервоза, непријатни моменти на незадоволство предизвикано од партнерот/партнерката поради некоја одредена причина, се јавува чувство на гнев, омраза и.т.н.

При појава на вакви непосакувани моменти не треба секогаш првата реакција да биде прекинување на врската.
Треба убаво да се разгледаат сите ситуации кои придонеле за развој на непосакуваните моменти, треба отворено да се разговара со партнерот/партнерката и да се најде заедничко решение на проблемот.

Некои ситуации можат да бидат игнорирани во врската, но ако почесто во главата ви се врти зборот „раскинување”, најдобро е да ги преиспитате чувствата кои ги имате кон партнерот/партнерката и да донесете правилна одлука за вашиот понатамошен љубовен живот.

Убаво размислете дали партнерот/партнерката е вистинската личност со која сакате да поминувате поголем дел од времето и навреме донесете ја вистинската и правилна одлука.

Постојат многу ситуации во врските кои скришум говорат и наговестуваат дека моменталната личност со која сте во врска не е вистинската за вас.

Во продолжение ви пренесуваме дел од тие непријатни ситуации.
Прочитајте ги, информирајте се и преиспитајте ја вашата врска и вашите чувства, дознајте дали останувате во врска со партнерот/партнерката затоа што навистина го/ја сакате, или тоа го правите некако механички, од навика што би се рекло.

Ако откриете дека врската не е таква каква што вие сте ја замислувале на почетокот, најдобро е веднаш да ставите крај и да свртите нова страница во вашиот љубовен живот.


  • не се радувате кога после подолга разделеност ќе се видите со партнерот/партнерката  
  • после извесно време поминато заедно дознавате дека сте сосема две различни личности кои имаат различни очекувања од животот
  • никако не можете да замислите заедничка иднина со партнерот/партнерката
  • поради одредени ситуации во врската имате лошо мислење за себе, а партнерот/партнерката не е личноста која безрезервно би требало да ве поддржува во секакви ситуации
  • наместо да бидете среќни во моментите во кои сте заедно, вие се чувствувате сосема исцрпено и без енергија, затоа што цело време поминувате на разрешување на проблемите на партнерот/партнерката
  • едноставно не сте задоволни и среќни од врската
  • во негово/нејзино присуство чувствувате нервоза и напнатост и чувствувате дека не сте она што навистина сте
  • инстинктот со причина повеќе пати ви говори дека треба да ја напуштите врската

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2658 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус