Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Какви партнери им одговараат на Водолиите

04 јуни, 18:56

Што се случува кога Водолија ќе се најде во врска со Јарец?

Дали Рак и Водолија се добра љубовна комбинација?

Дознајте кој ви е идеалниот партнер, барем според она што го кажуваат ѕвездите.

 


Водолија & Водолија
Совршена љубовна комбинација. Водолиите се активни личности, сакаат да излегуваат, одлично работат кога се под притисок... Единствен проблем во врската меѓу две Водолии би можело да претставува тоа што Водолиите тешко ги искажуваат чувствата.

Водолија & Овен
Ова е врска во која никогаш нема да е здодевно! Одлични се како пријатели, а во врска уште подобро се согласуваат. Двата знаци взаемно си се воодушевуваат, Овенот ја обожава уникатноста на Водолијата, а таа пак ја сака енергичноста на Овенот.
Комбинацијата на Водолија и Овен може да има потешкотии при планирањето, а и проблеми поради непредвидливоста на Овенот. Но секоја врска има проблеми, нели?

Водолија & Бик
Врската меѓу овие два знаци не е совршена, но оваа комбинација може да помести планини и да направи чуда, само доколку и двата партнери сакаат.
Идеални се еден за друг бидејќи многу добро може да се запознаат и проценат меѓусебно. Сепак, треба да внимаваат бидејќи и Водолијата и Бикот сакаат да ги оценуваат другите, па лесно може да дојдат до меѓусебна расправија, при што Водолијата е таа која е по притисок кога Бикот навистина ќе се налути!

Водолија & Близнаци
Оваа комбинација не е најдобра за врска. И двата хороскопски знаци се идеалисти, секој од нив живее во посебен свет во својата глава, имаат многу идеи, па нивната врска на почеток би наликувала на средба на умови. Одлично се разбираат ментално, но романтични чувства би можеле да се развијат дури подоцна, доколку се потрудат освен менталната, да најдат време и за физичката поврзаност.

Водолија & Рак
Интересна комбинација. Премногу се различни, но сепак се привлекуваат и фасцинирани се еден од друг.
Водолијата сака независност, слобода, време и простор само за себе, а Ракот бара личност која сака близина и има потреба од него. Токму затоа Ракот нуди топлина, се грижи и постојано е тука за Водолијата, дури и кога тоа не се очекува од него. Во оваа врска Ракот би можел да биде повреден, бидејќи Водолијата на моменти може да се оддалечи од него, токму поради чувството дека некој ѝ ја гуши слободата.

Водолија & Лав
Многу се спротивни, па не се најдобра љубовна комбинација.
Сепак, имаат некои заеднички особини кои ќе претставуваат сидро во врската. И двата знаци се силни, лојални и горди.
Проблем настанува кога врската ќе ја донесат во слепа улица, токму поради нивната тврдоглавост. Сè додека не научат дека во врската некој треба да вложува и несебично да се дава себеси, нема да имаат добра љубовна врска.

Водолија & Девица
Водолијата е еден од ретките знаци кој совршено се согласува со Девиците. Двата знаци имаат многу заеднички особини, не сакаат неред, имаат почит кон партнерот, сакаат да го разберат животот и луѓето, имаат силно чувство за одговорност и ја почитуваат приватноста.
Проблем е што тешко ги искажуваат силните и длабоки чувства, но покрај толку заеднички особини, сигурно одлично ќе се согласуваат.

Водолија & Вага
Навистина добра љубовна комбинација.
Овие два знаци се прекрасен пар, и двата се воздушни знаци и одлично се разбираат на астролошко ниво. Дури и во тешки моменти од врската, љубовта ги движи напред. Проблем повторно е тешкотијата да ги искажат емоциите.

Водолија & Шкорпија
Шкорпијата ужива во интензивни средби полни со емоции. Одлично се справува со покажувањето на емоциите, па е совршен  учител за Водолијата која не ги покажува чувствата.
Кога се во врска, чувствуваат силна потреба еден за друг, па може да речеме дека се добра љубовна комбинација.

Водолија & Јарец
И двата знаци се силни, самодоволни сами на себе, имаат голема почит еден кон друг, а ја почитуваат и приватноста на партнерот. Проблем? Емоциите, се разбира. Нема добра врска без да се покажат емоциите!

Водолија & Риби
Супер моќен пар чија љубов се раѓа од пријателство и силна емпатија.
Водолијата има цивилизиран, рационален пристап кон животот, Рибите пак повеќе се насочени кон имагинација, па проблемите би можеле да настанат токму поради недоразбирања и недостаток на комуникација.

Водолија & Стрелец
Заедно делат многу слични идеи, сакаат простор за себе и ја почитуваат туѓата приватност, и двата сакаат да се посветат на врската и да ја направат навистина добра и цврста. 
Понекогаш навлегуваат во долги дебати, па тоа би можело да им донесе проблеми во врската.


Доколку штотуку прочитавте дека не сте совршена комбинација со вашиот партнер, не грижете се. И ѕвездите понекогаш знаат да погрешатsmiley

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 10934 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус