Кои сенки одговараат на бојата на вашите очи

22 февруари, 00:12

Ќе ви претставиме неколку кратки совети кои ќе ви помогнат во изборот на бои. Запомнете бојата на очите ја одредува бојата на сенката за очи, а не големата љубов кон некоја боја.

Совет бр. 1: Не користете бои слични на бојата на вашите очи. Кога комбинирате две слични бои само го губите сјајот на очите и нивната форма. Секогаш избирајте контрастни бои. Ако имате темни очи користете бела, сина, виолетова, зелена боја... Ако имате светли очи користете кафеава, бронзена боја...

Совет бр. 2: За да се ослободите од темните делови околу очите, розевите линии кои постојано ви прават проблем при шминкање, со чиста четка нанесете сенка која ќе ги избели и ќе ги прикрие. 

Совет бр. 3: Во текот на денот користете кафеава маскара која нема да изгледа многу драматично, а црната секогаш користете ја за ноќните излегувања. Доколку работата или вашиот карактер не ви дозволуваат да ставате маскара, тогаш користете безбојна маскара која само ќе ги обликува и потенцира вашите трепки. Никој нема да забележи дека тоа не е нивната природна форма.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2943 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус