Мој предлог, Книга

Кој го здипли моето сирење?

23 јануари, 09:00

Од време на време во издаваштвото на книги се појавува книга која ја отвора вратата кон иднината, книга едноставна и разбирлива за секој, книга која брзо се чита и чии лекции се применуваат во текот на целиот живот.

Таква книга, која ја користат и мажи и жени од секоја возраст, од секоја нација во цел свет, а истовремено и книга која е светски бестселер бр. 1 е книгата „Кој го здипли моето сирење” од Спенсер Џонсон.

Басната раскажана во книгата донесува длабоки вистини за промените кои треба да ги направат луѓето и е прикажана низ ликовите на измислените глувчиња и мали човечиња кои живеат во „Лавиринтот” и бараат „Сирење”.

Лавиринтот е место во кое го барате она што го сакате од животот, организацијата, семејството или заедницата во која живеете, а Сирењето е она кое го сакате од животот, добра работа, сериозна врска, пари, имот, здравје и душевен мир.

Душкало навреме ги намирисува промените, Брзи ита во акција, Туцко го негира постоењето на промените зошто се плаши дека ќе го одведат во нешто полошо и Муцко кој на време сфаќа дека треба да се приспособи бидејќи увидува дека промените водат кон подобро, се четирите измислени ликови на Џонсон во кои секој еден од нас се препознава.

„Кој го здипли моето сирење” е книга која ќе ни покаже како да го пронајдеме вистинскиот пат низ лавиринтот и како успешно да поминеме низ времето на промените. Се чита во еден здив. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5573 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус