Позитива, Поучни приказни

Кој сум јас?

09 август, 07:06

„Кој сум јас?” - некое младо момче прашало некој старец.

„Ти си она што ти си мислиш” - му одговори старецот. „Ќе ти објаснам преку оваа приказна.”

Еден ден во квечерината на денот, покрај градските ѕидови, можеа да се забележат две личности кои се гушкаа.

„Тие се тато и мама” - си помислува малото невино дете.

„Тие се љубовници” - си помислува човек кој има изопачени соништа.

„Тие се два пријатели кои се немаат видено многу години” - си помислува човек кој живее сам.

„Тие се двајца трговци кои договорија добра зделка” - си помислува човек на кој му се потребни пари.

„Тие се татко и син. Таткото го прегрнува неговиот син кој штотуку се врати од војна” - си помислува жена кој има многу добра душа.

„Тие се ќерка и татко. Ќерката го прегрнува нејзиниот татко кој се вратил од многу долго патување” - си помислува човек кој е во голема тага поради смртта на неговата ќерка.

„Тие се двајца млади вљубени” - си помислува девојка која сонува за вистинска љубов.

„Тие се двајца кои смртно се тепаат” - си помислува убиец.

„Кој знае зошто се гушкаат” - си помислува човек кој има ограничени сфаќања.

„Колку е убаво да се видат две личности кои се гушкаат” - си помислува благороден човек.

„Секој си мисли дека е некој и нешто во зависност од она што е” - заклучи старецот.


Навлезете длабоко во вашите мисли, проучувајте ги и набљудувајте ги, тие најдобро ќе ви кажат кои сте вие навистина.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2862 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус