Која била Мона Лиза?

01 март, 05:27

Тим археолози тврдат дека ги пронашле остатоците од телото на Мона Лиза. 

Најмистериозната жена, насликана на платно пред стотици години, и денес e предизвик за човештвото. 

Лиза била сопруга на богатиот трговец со свила, Франческо дел Џоконда, а сликата во Италија е позната под името Ла Џаконда. Многу историчари се согласуваат дека Мона Лиза била Лиза дел Џакондо, која после смртта на сопругот станала калуѓерка. Таа починала во манастир во 1542 година. Археолозите со ископувањето на напуштениот манастир на Св. Урсула почнале минатата година, пишува „Дејли Мејл“. Откако пронајдените коски ќе минат низ процесот на испитување, научниците ќе се обидат да го реконструираат лицето за да потврдат дека навистина станува збор за Мона Лиза.

Дали променливото расположение на личноста на сликата е трик на Леонардо Да Винчи или само случајност или нешто трето, кој знае?!

Некои од научниците кои се обидуваат да ја решат оваа мистерија, тврдат дека ефектот на промена на расположението на личноста е предизвикано од различниот прием на бои, контрасти, позадини на самата слика. Во зависност која информација окото побрзо и подобро ќе ја прими и пренесе до мозокот, предизвикува различно гледање на сликата. Но, сепак останува како претпоставка.

Пронајдените остатоци од телото на Лиза би можелe да ја дешифрираат и тајната на мистериозната насмевка од сликата. Археологот Силвано Винчети, кој го води ископувањето во манастирот, изјави дека сè уште не може со сигурност да тврди дека се работи за Лиза, но длабоко верува дека е така.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6475 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус