Која е смислата на вашиот живот?

01 ноември, 07:11

Секое човечко суштество е дојдено на овој свет со некоја цел, но не сите ја откриваат целта на своето постоење.

Животот секогаш има смисла и секој нов ден е нова можност за предизвици, радост, смеа, надеж...

Оние кои минуваат низ тежок период многу лесно може да ја изгубат смислата на сопствениот живот, да се чувствуваат бескорисно, несреќно, неисполнето...
Токму во таквите моменти на секој од нас му е потребно потсетување за тоа колку всушност е силен човекот.

Секој од нас може да создава чуда, може да постигне сè што ќе замисли и има сила да ги преброди сите искушенија и тешки моменти.
Не верувате? Можеби веќе сте ја прочитале приказната за Пол Смит, но дури и да е така читајте ја одново и одново, бидејќи животот на овој старец е и повеќе од инспиративен.

Уште од дете боледувал од церебрална парализа и цел живот го поминал со овој тежок хендикеп. Сепак, на неговото лице секогаш има насмевка, неговата одлучност е бескрајна и секој нов ден е нов предизвик за него. Она што Пол Смит го создава е величествено, неверојатно, толку совршено што сигурно ќе се запрашате како е возможно да се добие едно прекрасно уметничко дело од парче хартија и машина за пишување.

Симпатичниот старец одамна ја нашол смислата на својот живот. Бог му подарил неверојатна дарба за уметност, па Пол со само еден прст удира на машината за пишување и создава неверојатни уметнички дела.

Неговата приказна ќе ви измами насмевки и солзи и ќе ви покаже дека животот секогаш може да биде убав и секој може да има достоинствен и исполнет живот.

Ништо не е невозможно на овој свет. Секој од нас има свој пат, своја приказна, дарба, и сечиј живот има посебна смисла. Наше е само да ја пронајдеме смислата на нашето постоење и да се стремиме кон живот вреден за живеење.   

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2508 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус