Убава наша, Репортажи

Кокино

08 ноември, 11:05

Мегалитската опсерваторија Кокино која се наоѓа во северно - источниот дел на нашата земја, на 35 км. од Куманово, е многу важно археолошко наоѓалиште старо преку 3800 години.

Во светски рамки се наоѓа на четврто место од најважните древни опсерватории.

Грандиозно и големо е ова здание во кое и камењата некогаш имале душа. 

 

Се наоѓа на висина од 1013 метри, веднаш под врвот на карпестиот рид Татиќев Камен.

Враќајќи се наназад низ историјата, значењето на Кокино станува сé поголемо.

Нашите предци кои во минатото живееле на ова место умееле со неверојатна прецизност да ги забележуваат периодите на изгревање на Сонцето и Месечината.
На тој начин опсерваторијата ја користеле за научни истражувања, но и за извршување на верски обреди. 

На самиот локалитет се наоѓаат т.н. маркери кои се издлабени во вертикалните карпи и ги означуваат местата на изгревање на Сонцето и Месечината. Исто така има и тронови – камени седишта поставени во правец север – југ и доколку седнете на некој од нив ќе ја имате привилегијата првиот сончев зрак да ве огрее само вас.

Во близина на опсерваторијата пронајдена е и Кокино култура во која се откриени камени цртежи и мрежа од десеттина храмови кои датираат од 2000 години пред новата ера.

Посетата на Кокино е вистинско доживување затоа што мистичноста на ова место ги плени срцата на сите посетители. 

И ден денес во мегалитската опсерваторија Кокино, за која со право може да се каже дека е најстарата древна цивилизација на Балканот, може да се почувствува пулсот на цивилизациите кои престојувале на ова место и да се доживеат нивните научни достигнувања. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2867 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Подгответе го организмот за есента

2019-09-30 06:53:00
Подгответе го организмот за есента

Есента е речиси на прагот, се бројат деновите до нејзиното доаѓање, а на нашиот организам му е потребно прилагодување на климатските промени кои доаѓаат.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 Октомври

23 Октомври

Во 1940 - та година во Бразил е роден Пеле, најголемиот фудбалер на сите времиња.

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус