Коктел залачиња со спанаќ

25 август, 06:43

Брзи за подготовка, одлични за семејни прослави или опуштени средби со пријатели, коктел залачињата со спанаќ се вкусни, а воедно и декоративни.

Овој рецепт е добредојден за сите оние кои сакаат да подготвуваат не само вкусна, туку и храна која изгледа прекрасно кога ќе ја ставите на чинија.

 


Состојки:
300 гр. спанаќ, исечкан и кратко обарен
300 гр. сирење
1 јајце
8 парчиња тесто за лазања
сол, бибер, оригано, толчен лук по вкус
малку рендан кашкавал
кечап или доматен сос

Подготовка:
Измешајте ги јајцето, сирењето, спанаќот и зачините.
Тестенините сварете ги, оставете ги на кујнска крпа малку да се исцедат, па сечете ги на половина.
Секое парче тестенина премачкајте го со филот, но оставете малку место на краевите за филот да не ви излегува при виткањето.

Коктел залачиња со спанаќ, рецепти, спанаќ, сирење, десерти, кашкавал, recepti, лазања

Свиткајте ролатчиња и секое ролатче сечете го на пола, за да добиете мали залачиња.

Коктел залачиња со спанаќ, рецепти, спанаќ, сирење, десерти, кашкавал, recepti, лазања

Над секое парче ставете малку кечап или доматен сос, малку рендан кашкавал и редете ги на хартија за печење.

Коктел залачиња со спанаќ, рецепти, спанаќ, сирење, десерти, кашкавал, recepti, лазања

Печете ги околу 20 минути на 180 °Ц, послужете ги и уживајте во вкусните залачиња!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5144 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус