Позитива, Статии

Колку е всушност силен човекот

05 јули, 07:03

Животот е непредвидлив, дава и зема, нè доведува во ситуации кога нештата изгледаат безнадежни и се чини дека животот нè фрла на колена без можност да се подигнеме.

Приказната на Џон Брамблит ќе ви покаже колку всушност човекот е силен. Овој млад уметник почнал да го губи видот на 11 години, а денес е потполно слеп.

Сепак, тој создава прекрасни слики за кои познавачите на уметноста велат дека е невозможно да се насликани од слеп човек.

Некои соништа тешко умираат. Сонот на Џон е и повеќе од жив, овој човек го живее својот сон и го работи она што навистина го сака.

Боите ги разликува со допир бидејќи секоја боја има сопствена текстура, сликите ги има во својата глава, ги пренесува на платното со посебно пенкало кое создава релјефни форми, кои потоа ги исполнува со разни бои.

Неговите дела се прекрасни, но она што е многу подрагоцено од вредноста на сликите кои ги создава е неговиот позитивен дух, неговата верба во себе и во животот, неговата способност лутината поради загубениот вид да ја претвори во дар.

Силата на Џон е во секој од нас. Ниеден удар на животот не е доволно силен за да нè уништи, бидејќи сите ние имаме сила да ги надминеме сите препреки и несреќи.

Никогаш не се откажувајте, подигнете се секогаш кога ќе се најдете на колена и верувајте во себе.
Приказната на слепиот сликар нека ви биде мотивација и доказ дека ништо не е невозможно, сè додека се борите и верувате.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3031 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус