Здравје, Здрави навики

Колку лажички шеќер дневно може да ни наштетат?

28 февруари, 06:43

Храната која содржи шеќер е неопходна за организмот, но честопати јадеме чисто од задоволство, не затоа што сме гладни или затоа што имаме потреба од шеќер.

Навистина е убаво понекогаш да каснеме некое вкусно благо залаче, но не смееме да дозволиме храната да стане наш непријател и да ни го загрози здравјето.

 

Колку благо е премногу благо?

Американската асоцијација за срце и центрите за контрола на болести советуваат дека жените преку храната треба да внесуваат најмногу 6 лажички шеќер дневно (околу 100 калории кои доаѓаат од шеќерот кој е додаден во храната), а мажите 9 (околу 150 калории кои доаѓаат од шеќерот кој е додаден во храната).

Имајте предвид дека секоја храна содржи одредена количина шеќер, па овие 6 или 9 лажички не се дополнително количество кое треба да го додавате во чајот или кафето.

За да имате претстава за високото ниво на шеќер во готовата храна, сметајте дека една лименка кока кола содржи околу 8 лажички шеќер.

Природниот шеќер кој се содржи во овошјето, зеленчукот, житариците не спаѓа во овие 6 или 9 лажички дневно, па слободно јадете храна која содржи исклучиво природен шеќер.

Количеството на шеќер кое секојдневно го внесувате во организмот значително ќе го намалите ако стекнете навика да правите домашни сокови, супи, газираните пијалоци да ги замените со природни, да се откажете од овошниот  јогурт и да се обидете да ги намалите десертите.

Помалку шеќер значи подолг живот, имајте го тоа на ум секогаш кога ќе посегнете по храна која е вештачки засладена.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2413 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус