Колку пливањето е здраво?

20 јуни, 01:53

Сте се запрашале ли некогаш колку е здраво да се плива и кои придобивки ги дава пливањето по однос на здравјето?

Време е на годишни одмори, па сите со душа ги чекаме неколкуте недели летен одмор.
Сите сакаме да лежиме на плажа покрај некое море, да лежиме на ситен песок, да се сончаме и секако да се капеме и да пливаме. 

Пливањето и капењето не треба да се практикуваат само за разладување, кога е неподносливо топло и кога не може повеќе да се издржат жешките летни температури. Напротив, треба колку што е можно повеќе да пливаме во текот на одморот.

Сигурно ќе се запрашате зошто.
Одговорот е многу едноставен - затоа што е здраво.

Општо е познато дека пливањето ги зајакнува мускулите на телото, нормално доколку се практикува секојдневно, подолг временски период и трае отприлика од 20 до 30 минути.
Значи станува збор за активно а не пасивно пливање. 

Покрај што се зајакнуваат сите мускули на телото, пливањето помага и да се регулира крвниот притисок.
​Помага исто така успешно да се излечи бронхитис и астма, како и да се намалат болките во грбот.

Исто така со пливањето се добива посакувана линија на телото, бидејќи е одлична активност која успешно се справува со наталожените и непосакувани килограми.

Бидете сигурни дека со бавно и нормално пливање, кое доколку се практикува 4 до 5 пати во текот на една недела, по 30 минути, можете во целост да го ставите под контрола покачениот крвен притисок.

Влажниот воздух кој се наоѓа над површината на водата многу поволно влијае на респираторниот систем и успешно се справува со астма или бронхитис. Ако пливањето се одвива во морска солена вода, дејството на овој влажен воздух се зголемува неколку пати благодарение на јодот, кој во големи количини го содржи солената морска вода.

Ако вашата работа е врзана за осумчасовно седење на стол пред компјутер, сигурно по извесно време ќе се појават болки во пределот на половината.
Лек за исчезнување на ваквите болки е грбното пливање кое ќе ги зајакне мускулите на грбот и ќе му овозможи поголема еластичност со што ќе го спреми за да може без напор да го издржи тоа осумчасовно седење во една иста положба.

Доколку не сте љубител на пливањето, еве сега имате неколку добри причини за ова лето да пливате повеќе за разлика од минатото.
Потрудете се секој нареден пат кога влегувате во вода, да пливате малку повеќе време и до подалечна дестинација која самите ќе си ја зададете. 

Пливајте затоа што пливањето е здравје!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2321 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус