Позитива, Поучни приказни

Колку се остри вашите зборови?

03 септември, 06:33

Сакајќи да го подучи својот син кој честопати се однесувал лошо, таткото му дал торба полна со шајки и му рекол секогаш кога ќе направи лошо дело, да закова една шајка во оградата.

Минувале денови и момчето секојдневно ковало шајки. Еден ден размислило и сфатило дека е подобро да научи да ја контролира својата лутина и лошото однесување, отколку секојдневно да кова шајки. Како што станувало подобро, така и бројот на заковани шајки се намалувал, а еден ден воопшто немало потреба да закова нова шајка.

Кога поминал извесен период без ни една закована шајка, таткото му дал нова задача. Секој ден кога момчето ќе се воздржело од лоши дела, вадело по една шајка од оградата.

Деновите минувале и еден ден во оградата немало ни една закована шајка. Момчето било гордо на себеси, но таткото му одржал нова лекција.

„Се гордеам што успеа да научиш како треба да се однесуваш. Но, погледни ја оградата. Таа никогаш повеќе нема да биде истата. Дупките од закованите шајки никогаш нема да се пополнат. Така е и со луѓето. Секогаш кога некому ќе нанесеш болка, кога некој ќе навредиш и повредиш на било каков начин, оставаш лузна во неговото срце која не може да се излечи, дури и ако се извиниш и покаеш.
Затоа, секогаш внимавај како се однесуваш и добро размисли дали твоите зборови и постапки се остри како шајки, бидејќи штетата која може да ја направат е многу голема”.

Колку се остри вашите зборови и постапки?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2731 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус