Здравје, Природни лекови

Компирот е извор на здравје

12 јули, 06:23

На сите ни е добро познат, наоѓа голема примена во исхраната, но бидејќи е достапен за секого и секогаш, не му придаваме доволно значење.

Компирот е многу здрав зеленчук, а неговите благодати се многустрани.

Тврдењето дека компирот дебелее воопшто не е точно, напротив, истражувањата покажуваат дека компирот има токму спротивен ефект, брзо предизвикува ситост, а има малку калории. Се разбира, станува збор за печен или варен компир. Пржените компири не само што не се здрави, туку и ја зголемуваат телесната тежина поради големото количество на маснотии кои ги содржат.

Зошто компирот е толку здрав?

Компирот содржи железо кое организмот го апсорбира во многу поголема количина од железото кое се состои во било кој друг зеленчук.
Содржи повеќе калиум од бананата.

Има многу помалку калории од лебот, оризот и тестенините.

Компирот содржи голема количина на растителни влакна и здрави јагленохидрати.

Содржи витамин Б, фосфор и магнезиум.

Неколку компири дневно на организмот му ја даваат потребната дневна доза од витамин Ц.

Содржи флавоноиди кои штитат од болести на дишните патишта, болести на срцето и крвните садови и рак.

Може да се користи и како облога за главоболка и висока температура (се ставаат кругови од сиров компир на челото) и болки од реума (се ставаат кругови од варен компир на болното место).

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3512 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 август

9 август
Свети Климент Охридски оставил големо книжевно богатство. Автор е на поучните слова „Св. Ѓорги”, „Св. Тома” и „Св. Антониј”, како и слова посветени на Богородица и
© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус