Корисни совети за подобрување на стилот

28 април, 00:05

Ако сакате да имате добар и впечатлив стил на облекување, не мора секогаш да купувате скапи парчиња облека. 
Она што во моментов е модерно, популарно и во тренд не мора да значи дека и вас добро ќе ви одговара и ќе се вклопи во вашиот стил.

Облеката потпишана од некој познат дизајнер е облека како и сите други видови на т.н. обична облека и освен по цената, по ништо друго не се разликува од неа.

Многу е важно облеката што ја носите на вас да биде дел од вашиот стил, да ве отсликува вас, да се чувствувате во неа пријатно и удобно и да изгледате елегантно и уредно.

За секоја прилика облекувајте се соодветно, не облекувајте нешто што не ви е по ќеф, или само затоа што е модерно, бидете свои и оригинални и следете го и секогаш слушајте го вашиот внатрешен моден дизајнер.

За оние момци кои сѐ уште немаат изградено сопствен стил на облекување, следуваат неколку модни совети кои ќе им бидат од голема корист.

облекувајте се соодветно на пригодата
Не може на свадба или на некоја друга фамилијарна веселба да се појавите во тренерки. Ваквите свечености бараат и соодветна облека како одело, или кошула со панталони. Со правилно одбрана облека покрај што ќе изгледате како да се вклопувате во приказната, истовремено и искажувате почит кон организаторите на веселбата.

стилот е поважен од марката
Постојат луѓе кои имаат пари во изобилие и кои можат да си дозволат скапа и дизајнирана облека, но кои на жалост на крајот изгледаат смешно и не вкусно. Сигурна сум дека не сакате и вие да бидете како нив. Секој може убаво да се облечи без разлика на цената на облеката само ако има убаво изграден стил кој ќе ја отсликува неговата личност.

имајте барем еден костум
Можеби не сте љубители на класичниот начин на облекување, но кога ќе треба да се појавите на свадба, крштавка или друга свеченост, костумот ќе ви биде повеќе од потребен. Затоа имајте еден или повеќе костуми во вашиот плакар и носете ги кога ситуацијата ќе налага.

имајте барем еден пар убави чевли
Исто како и со костумот така и со чевлите. Ако сте спортски тип и не сакате да носите чевли, имајте барем еден пар кои ќе ви затребаат кога ќе ви затреба и костумот. Редовно и правилно одржувајте ги и ќе ви траат со години.

црни чевли - црн ремен   
Ако сакате да оставите добар впечаток секогаш внимавајте на бојата на чевлите и бојата на ременот. Овие две нешта секогаш треба да се во иста боја. Во светот на модата не дозволиво е чевлите да бидат во една а ременот во друга боја. Внимавајте секогаш на ова.

минимален накит
Секое претерување не изгледа ни најмалку примамливо, па исто е и со машкиот накит. Доволно е да носите убав часовник, елегантен или спортски во зависност од пригодата и бурма ако сте женет. Сѐ друго е вишок и е непотребно. 

никако сандали со чорапи
Оваа комбинација е тотално промашување. Никогаш, ама баш никогаш немојте во исто време да носите сандали со чорапи. Ако треба да се носат сандали значи дошло време за нив, лето е и топло е, а тоа значи дека на чорапите во овој период од годината не им е местото кај сандалите.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2750 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус